ОГЛАСНА ТАБЛА
КВИЗОВИ
Учењето нека ви биде лесно и интересно
На страницата (во изработка) се квизови кои на учениците ќе им помогнат во повторување и автоматизирање на стекнатите знаења по теми и по наставни предмети. Изберете ја страницата КВИЗОВИ од менито, а потоа изберете ја темата за која сакате да ги усовршите своите знаења. Секој квиз е составен од 10 прашања. На крајот од квизот добивате увид колку прашања точно, а колку прашања погрешно сте одговориле. Со избор на копчето следен квиз, добивате нов квиз со 10 прашања во кој може да се повтори некое прашање од претходниот квиз но ќе бидат опфатени и други прашања од темата. За добро да научите, повторете го квизот повеќе пати.
Тековно ќе бидат поставувани квизови по различни теми од различни предмети. Квизовите најпрво ќе бидат поставувани според темите кои ги обработуваат, а подоцна и по одделенија. Ви посакуваме среќа во учењето!
СОВА
Социјализирачко Образовно Воспитни Активности
Безбедна средина каде децата ќе учат преку интеракција, игра и практични активности, развивајќи социјални, когнитивни и емотивни вештини. СОВА е место каде учењето е забава, со окружување кое ги комбинира играта и образованието.Преку креативни работилници, едукативни паркови и едукативно игралиште учењето ќе се претвори во игра и креативност. Во различните активности кои ги нуди центарот вклучени се часови за развој на јазични, математички, физички вештини како и други активности кои ќе им помогнат на децата да размислуваат креативно, да соработуваат и успешно да се справуваат со предизвиците. За повеќе информации посетете ја фејсбук страницата на СОВА.

„Шеќерна приказна“
Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид
На 6.2.2025 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште „Григор Прличев“ - Охрид, учениците од трето одделение, успешно ја изведоа точката „Шеќерна приказна“ инспирирана од познатата книга „Шеќерна приказна“ од македонскиот автор Славко Јаневски, која е дел од задолжителната лектира за трето одделение. Настапот беше збогатен со соодветни костими, а музиката е комбинација на песни од повеќе македонски автори како и извадоци од Музичката игра за деца „Шеќерна приказна“ чиј композитор и диригент е Димитрије Бужаровски, во режија на Димитар Христов и продукција на МРТВ 1978.
Точката ја подготвија одделенските наставници од активот на трето одделение: III1 Николина Спасеска, III2 Весна Тодороска, III3 Славица Мојсоска, III4 Елизабета Билбилоска, III5 Марија Стојоска.
Им се заблагодаруваме на учениците за нивниот вложен труд, како и на родителите за разбирањето и поддршката во реализацијата на овој настан.
Албумот можете да го погледнете тука
АЛТЕРА
Центар за едукација, советување, личен и професионален раст и развој
Едукативни и креативни работилници каде децата ќе учат како да ги истражуваат своите способности, да стекнуваат нови вештини и да ја градат својата самодоверба. Преку забавни и инспиративни активности ќе им се помогне да размислуваат креативно, да соработуваат и успешно да се справуваат со предизвиците. Секое дете ќе се чувствува посебно, сигурно и подготвено за иднината. За повеќе информации посетете ја фејсбук страницата на АЛТЕРА.

Новогодишна работилница
Во пресрет на Новата 2025 година, традиционално ја организиравме новогодишната работилница, на која беа изработени новогодишни експонати што ќе бидат понудени за продажба на овогодишниот училиштен Новогодишен базар. Атмосферата беше топла, празнична и исполнета со насмевки и пријателска комуникација – едноставно, многу убави луѓе на едно место.
На овогодишната работилница ќе не потсетува и заедничката слика со Дедо Мраз, кој оваа година не посети токму за време на работилницата.
Изразувам голема благодарност до сите родители кои присуствуваа, за нивниот вложен труд и време. Верувам дека ова беше еден од најубавите предновогодишни подароци за учениците.
Албумот можете да го погледнете тука
Гостин на час
Билјана Аслимоска - специјален едукатор и рехабилитатор
Во рамките на едукативната активност за подигнување на свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат слепите и слабовидните лица, во нашиот клас беше организирана работилница, која ја водеше гостин-родителот Билјана Аслимоска, специјален едукатор и рехабилитатор (дефектолог) во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид. Целта на работилницата беше учениците да ги доживеат и разберат искуствата на слепите лица преку практични вежби и интеракција со различни сетила. повеќе...
Албумот можете да го погледнете тука
Гостин на час
д-р Весна Секулоска
Наставната тема „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО“ од предметот ПРИРОДНИ НАУКИ ја заокружуваме со предавање на стручно лице, чија грижа за превенција на здравјето е професионална определба.
Во нашето одделение, гостин-родител, беше доктор Весна Секулоска која со задоволство ја прифати нашата покана да ја завршиме наставната тема со една рекапитулација на се она што го учевме за заразните болести, вирусите, бактериите и превенција на здравјето. Преку презентацијата, докторката ги опфати сите клучни прашања од наставната тема, давајќи им можност на учениците да прашаат се што ги интересира повеќе...
Албумот можете да го погледнете тука
Отворен час со авторката
Маја Мојсова
Иако Маја Мојсова е автор на повеќе збирки песни и раскази за возрасни, на иницијатива на претседателот на нашето III3 одделение Теа Аслимоска, со задоволство се согласи да гостува во нашата паралелка и да ја доближи својата страст кон пишаниот збор до учениците преку различни активности. повеќе...
Албумот можете да го погледнете тука
Медо Штедо на час кај нас
По повод месецот на штедењето на гости ни дојде Медо Штедо со претставниците од Шпаркасе Банка - Натали Мојсоска Кесковска и Светлана Карадакоска. повеќе...
Го покануваме Медо Штедо да ни дојде и в година на гости!
Албумот можете да го погледнете тука
Бојата на чувствата - работилница
Колку ги препознаваме нашите чувства и колку можеме да се справиме со нив?
Во потрагата по одговорот на ова прашање ни помогнаа вработените во стручната служба во нашето училиште кои ја подготвија и реализираа работилницата „Бојата на чувствaта“ и во нашата паралелка.
повеќе...Албумот можете да го погледнете тука
Заокружување на броевите на полна десетка
Лентата со броеви е одлична алатка со која учениците од прво и второ одделение можат да ги усвојат броевите до 100. Работниот лист од кој можете да ја изработите лентата ќе го најдете на линкот во описот на видеото
Лента со броеви до 100
Лентата со броеви е одлична алатка со која учениците од прво и второ одделение можат да ги усвојат броевите до 100. Работниот лист од кој можете да ја изработите лентата ќе го најдете на линкот во описот на видеото
Единици и десетки - едноцифрени и двоцифрени броеви
Примена на арапските цирфи и начинот на кој пишуваме со нив. Декадниот или десетичен систем кој го употребуваме при пишувањето на броевите подразбира позиционо подредување на цифрите при што во 1 десетка се содржат 10 единици (1Д=10Е) Работниот лист може да го најдете на линкот
Активностите од претходните учебни години
ќе ги најдете на страницата АРХИВА
РАСПОРЕД ЗА ЅВОНЕЊЕ

Претпладне:
07:30 - 08:10
08:15 - 09:55
09:20 - 10:00
10:05 - 10:45
10:50 - 11:30
11:35 - 12:15
Попладне:
13:30 - 14:10
14:15 - 14:55
15:20 - 16:00
16:05 - 16:45
16:50 - 17:30
17:35 - 18:15
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
