ОГЛАСНА ТАБЛА
Творби од есенски лисја и плодови
Есен, есен, златна есен!

Изработки од учениците Есента низ творбите од учениците
Есента е прекрасна
Боите, плодовите, ги предизвикуваат сите наши чувства и вкусови. Бидете креативни и приклучете се на предизвикот кој Ви го поставува Вашата другарка и соученичка Тамара Целакоска!

Истражување живеалишта
Топлите есенски денови можат да бидат убава инспирација да се истражува блиската околина - Јана Шешоска:
Истражување живеалишта
Опрема за истражување
Кој живее во нашата блиска околина: оса, пајак, гуза
Изглед на страница од тетратката
Изработки од учениците илустрации
Гравчињата кои ги засадивме оваа пролет
Од трите гравчиња што Андреј Симиџиоски ги засади како училиштен проект по природни науки, изникна само едно. И тоа едното го пресади во дворот, а денес само од него ги собра овие гравчиња.
Браво Андреј!
5 Октомври - Нека е честит Светскиот ден на учителите!
Грст топли стихови и пораки низ видео записите и цртежите на учениците
Изработки од учениците 5 Октомври - Светски ден на учителите!
5 Октомври - Светски ден на учителите!
Нацртајте цртеж, напишете стихови или порака која сакате да ја пренесете до вашиот учител/учителка, прочитајте текст или песничка! Изразете се креативно – онака како што Вие можете и умеете и во текот на денешниот ден испратете ги Вашите творби!
Творбите ќе бидат објавени на нашата страница http://odnasataucilnica.com, како и на фан страницата од нашето училиште.
Изработките испраќајте ги во порака до фејсбук фан страницата Од нашата училлница! (должината на видеата да биде околу 1 минута)
Кои лектири за IV одделение ги прочитавме ова лето?
Да го вежбаме изразното читање!
Овие неколку денови пред почетокот на новата учебна година, да ги освежиме нашите вештини за читање.
Изберете извадок од лектирата „Итар Пејо“ од Стале Попов и снимете кратко видео (максимум до 3 минути) во кое изразно го читате извадокот. Видеото испратете го до нашата фејсбук фан страница.
Видеата ќе бидат објавувани според редоследот по кој пристигнуваат во сандачето.
КРЕИРАЈТЕ ЛОГО, НАСЛОВНА ФОТОГРАФИЈА И ОФИЦИЈАЛЕН НАЗИВ
за нашето ново онлајн училиште
Како би го нарекле нашето ново онлајн училиште?
Изберете име кое ќе биде звучно, интересно, впечатливо и прифатливо за сите деца во нашата земја.
Која е сликата или знакот по кој ќе го препознаете нашето ново онлајн училиште?
Нацртајте лого кое ќе биде едноставно и кое лесно ќе може да го препознае и нацрта секое ваше другарче.
Направете ја фотографијата која најпрво би сакале да ја видите кога ќе се вклучите во нашето виртуелно училиште.
Секој ученик, односно група на ученици може да учествува во повикот со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија. Идејните решенија се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември 2020 година (16:00 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за креаторот/креаторите - име и презиме, одделение, училиште и општина и контакт телефон.
Повеќе детали на страницата Министерството за образование и наука http://mon.gov.mk
ВАЖНО: наше онлајн училиште е платформата во која ќе се вклучуваат учениците од сите училишта во нашата земја, не се мисли на матичното училиште во кое учите (не користете го логото или името на училиштето во кое учите)
АНКЕТЕН ЛИСТ
Почитувани,
Во прилог е анкета за изборен предмет. Родителите/старателите да ја пополнат анкетата и на денот на подигање учебници за четврто одделение, да ја достават анкетата кај одделенскиот наставник. За подигање на учебниците - начинот и термините, учениците и родителите дополнително ќе бидат известени.
Да сумираме!
Колку бевме успешни во учењето на далечина во периодот од 16.3 до 10.6.2020 год.? Анкетата која ја добивте на контактот (Фејсбук, Вибер, Инстаграм), можете да ја најдете и на линкот: овде
Пополнете ја и испратете ја. Ви благодариме за одвоеното време!
Враќање на учебниците
Враќањето на учебниците за трето одделение ќе се изврши во септември, за начинот и термините, учениците и родителите дополнително ќе бидат известени.
Лектири за IV одд
Задолжителни лектири:
1. „Петар Пан“ од Џејмс Метју Бари
2. „Итар Пејо“ од Стале Попов
3. „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски
Изборни лектири за IV одд.
4. „Орхан“ од Неџати Зекирија
5. „Сон на тркала“ (избор песни) од Стојан Тарапуза
6. „Волшебникот од Оз“ од Лиман Френк Баум
Активностите за претходните денови
ќе ги најдете на страницата АРХИВА
РАСПОРЕД ЗА ЅВОНЕЊЕ

Претпладне:
08:00 - 08:40
08:45 - 09:25
09:50 - 10:30
10:35 - 11:15
11:20 - 12:00
12:05 - 12:40
Попладне:
14:00 - 14:40
14:45 - 15:25
15:50 - 16:30
16:35 - 17:15
17:20 - 18:00
18:05 - 18:40
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
