19.11.2024
Гостин на час - доктор Весна Секулоска
Наставната тема „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО“ од предметот ПРИРОДНИ НАУКИ ја заокружуваме со предавање на стручно лице, чија грижа за превенција на здравјето е професионална определба.
Во нашето одделение, гостин-родител, беше доктор Весна Секулоска која со задоволство ја прифати нашата покана да ја завршиме наставната тема со една рекапитулација на се она што го учевме за заразните болести, вирусите, бактериите и превенција на здравјето. Преку презентацијата, докторката ги опфати сите клучни прашања од наставната тема, давајќи им можност на учениците да прашаат се што ги интересира за она што сме го учеле за заразните болести, како и за начините на унапредување и заштита на нашето здравје.
После презентацијата преку кратки квиз прашања кои ги подготви „асистентот“ на нашата гостинка – Јована Секулоска, учениците повторија што научиле, поставуваа прашања и асоцираа на примери од своето искуство во борбата со настинките и вирусите.
Во завршниот дел од часот на гостинката и беа поставени прашања за тоа како да се стане лекар, што можеби е желба на некои од нашите ученици во иднина да биде нивна професионална определба. Голема благодарност до ангажманот на д-р Весна Секулоска за успешната реализација на часот и за уште една успешна приказна со која ја започнуваме серијата часови „Гостин – родител“.
Албумот можете да го погледнете тука
19.11.2013
Домашна работа
Македонски јазик: да се напишат по два реда од секоја буква: К, к, Ќ, ќ, Г, г, Ѓ, ѓ.
Математика: да се препишат во тетратката задачите од работното ливче над шемата со бројот 3.
Запознавање на околината: да се довршат илустрациите на апаратите за домаќинство.