logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

АРХИВА 2024/25

4.6.2025

Модна ревија во ретро стил – времеплов низ модата на XX век

 Крајот на учебната година е одлична можност за организирање на креативни и несекојдневни активности преку кои учениците можат да ја изразат својата оригиналност и самодоверба.

 Токму таква беше и модната ревија во ретро стил, организирана од наставниците и учениците повеќе...

2.6.2025

Во посета на нашето подрачно училиште во населба Рача

 Водени од убавите впечатоци од еднодневната екскурзија во Скопје, каде што учениците од трето одделение се зближија со врсниците од подрачното училиште, се организира повторна средба – овојпат со учениците од Рача како домаќини.

 При пристигнувањето, гостите беа топло пречекани од учениците и наставниците повеќе...

23.5.2025

Еднодневна екскурзија во Скопје

 Патувањето започна навреме, според планираната агенда. Во Скопје пристигнавме околу 11:15 часот, подготвени за исполнет и едукативен ден.

 Првата станица беше Зоолошката градина, каде учениците имаа можност одблиску да ги набљудуваат животните повеќе...

КВИЗОВИ

Учењето нека ви биде лесно и интересно

   На страницата (во изработка) се квизови кои на учениците ќе им помогнат во повторување и автоматизирање на стекнатите знаења по теми и по наставни предмети. Изберете ја страницата КВИЗОВИ од менито, а потоа изберете ја темата за која сакате да ги усовршите своите знаења. Секој квиз е составен од 10 прашања. На крајот од квизот добивате увид колку прашања точно, а колку прашања погрешно сте одговориле. Со избор на копчето следен квиз, добивате нов квиз со 10 прашања во кој може да се повтори некое прашање од претходниот квиз но ќе бидат опфатени и други прашања од темата. За добро да научите, повторете го квизот повеќе пати.

   Тековно ќе бидат поставувани квизови по различни теми од различни предмети. Квизовите најпрво ќе бидат поставувани според темите кои ги обработуваат, а подоцна и по одделенија. Ви посакуваме среќа во учењето!

СОВА

Социјализирачко Образовно Воспитни Активности

  Безбедна средина каде децата ќе учат преку интеракција, игра и практични активности, развивајќи социјални, когнитивни и емотивни вештини. СОВА е место каде учењето е забава, со окружување кое ги комбинира играта и образованието.Преку креативни работилници, едукативни паркови и едукативно игралиште учењето ќе се претвори во игра и креативност. Во различните активности кои ги нуди центарот вклучени се часови за развој на јазични, математички, физички вештини како и други активности кои ќе им помогнат на децата да размислуваат креативно, да соработуваат и успешно да се справуваат со предизвиците. За повеќе информации посетете ја фејсбук страницата на СОВА.

6.2.2025

Шеќерна приказна

 На 6.2.2025 година во Центарот за култура “Григор Прличев” - Охрид, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште „Григор Прличев“, учениците од трето одделение, успешно ја изведоа точката „Шеќерна приказна повеќе...

АЛТЕРА

Центар за едукација, советување, личен и професионален раст и развој

 Едукативни и креативни работилници каде децата ќе учат како да ги истражуваат своите способности, да стекнуваат нови вештини и да ја градат својата самодоверба. Преку забавни и инспиративни активности ќе им се помогне да размислуваат креативно, да соработуваат и успешно да се справуваат со предизвиците. Секое дете ќе се чувствува посебно, сигурно и подготвено за иднината. За повеќе информации посетете ја фејсбук страницата на АЛТЕРА.

28.11.2024

Гостин на час: Билјана Аслимоска - специјален едукатор и рехабилитатор

 Во рамките на едукативната активност за подигнување на свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат слепите и слабовидните лица, во нашиот клас беше организирана работилница, која ја водеше гостин-родителот Билјана Аслимоска, специјален едукатор и рехабилитатор (дефектолог) во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид. Целта на работилницата беше учениците да ги доживеат и разберат искуствата повеќе...

19.11.2024

Гостин на час д-р Весна Секулоска

  Во нашето одделение, гостин-родител, беше доктор Весна Секулоска која со задоволство ја прифати нашата покана да ја завршиме наставната тема со една рекапитулација на се она што го учевме за заразните болести, вирусите, бактериите и превенција на здравјето.повеќе...

12.11.2024

Отворен час со авторката Маја Мојсова

   Со гостувањето на младата авторка, поетесата Маја Мојсова, на отворен час во нашето одделение, го заокружуваме месецот на книгата со пораката на авторката – книгата ќе постои се додека постои светот и она што можеме да го направиме за себе е што повеќе да читаме!повеќе...

31.10.2024

Медо Штедо на час кај нас

   По повод месецот на штедењето и денот на штедењето, на гости ни дојде Медо Штедо со претставниците од Шпаркасе Банка - Натали Мојсоска Кесковска и Светлана Карадакоска. Преку нивната презентацијата научивме за првите платежни средства, повеќе...

16.10.2024

Бојата на чувствата - работилница

   Колку ги препознаваме нашите чувства и колку можеме да се справиме со нив?

  Во потрагата по одговорот на ова прашање ни помогнаа вработените во стручната служба во нашето училиште кои ја подготвија и реализираа работилницата „Бојата на чувставта“ и во нашата паралелка. повеќе...