logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

АРХИВА 2017/18

26.04.2018

„Распеано рибарче“ 2018

    Четврток 26.04.2018 г. со почеток во 11:30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, учениците ќе го следат фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“ 2018. повеќе...

25.04.2018

Систематски преглед на учениците

    Среда 25.04.2018 г. со почеток во 8:00 часот ќе се врши задолжителен систематски преглед за учениците од I 3 одделение во просториите на Школска медицина во ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ОХРИД со адреса: ул. „Сирма Војвода“ бр. 1, а потоа и стоматолошки преглед во Детски диспанзер (Маларична). повеќе...

13.4.2018

Родителска средба

    Петок, 13.4.2018 г. во 18:00 часот, ќе се одржи родителска средба… повеќе...

5.4.2018

5 Април – Велигденски саем

    Ги покануваме родителите и сите заинтересирани на 05.04.2018 г. (четврток) да присуствуваат на продажниот саем кој го организира училиштето по повод Велигденските празници. На саемот ќе бидат изложени и ќе се продаваат велигденските декорацииповеќе...

4.4.2018

4 Април – Велигденска работилница

    По повод Велигденските празници и продажниот саем кој го организира училиштето, денес 04.04.2018 г. – среда со учениците ќе ги украсуваме изработените велигденски кошнички. повеќе...

3.4.2018

3 Април – Солидарна акција

    Во соработка со Црвениот крст Охрид, во нашето училиште „Григор Прличев“, беа одржани презентации за проектите во кои се вклучени волонтерите на црвениот крст, со цел помош на… повеќе...

2.4.2018г.

1 Април – Ден на шегата

    Со цел учениците да се вклучат во одбележувањето на светскиот ден на шегата – 1 Април, кој оваа година е во неработен ден, на 02.04.2018 година, учениците да дојдат во училиште маскрани.

     Албумот можете да го погледнете тука

повеќе...

27.3.2018г.

Велигденска работилница

    По повод Велигденските празници и продажниот саем кој го организира училиштето, на часовите по ликовно образование со учениците ќе изработуваме велигденски декорации.повеќе...

21.3.2018г.

21 Март – Ден на пролетта и екологијата

     Денот е наставен и ќе бидат реализирани часови за среда (5 часа до 12:00 часот) - според распоредот на часови за овој наставен ден. повеќе...

17.03.2018

Работна сабота

Сабота, 17.03.2018 год. е работна сабота и ќе се работи по распоред со часови од петок. Часовите завршуваат во 10:30 часот.

28.01.2018г.

Родителска средба

Утре 29.01.2018 год. понеделник, во 16:45 ќе се одржи родителска средба на која ќе се дискутира за подготовките и учеството на учениците од I3 одделение на свечената приредба по повод патрониот празник на училиштето. Часовите завршуваат во 16:30 часот.

21.12.2017г.

Креативна работилница

Ги поканувам родителите да учествуваат на работилницата која ќе започне денес 21.12.2017 год. (четврток) во 16:15 часот, на која ќе се изработуваат наставни материјали потребни за работа на наставните часови по македонски јазик и математика: букви, броеви, знаци. Потребните материјали за работилницата: хартија, печатени материјали, картон, ќе бидат обезбедени.

12.10.2017г.

Екскурзија во блиската околина

Утре 12.10.2017 год. четврток, учениците од I3 одделение ќе одат на екскурзија во блиската околина. Тргнување од училишниот двор во 9:00 часот, враќање во училишниот двор во 11:00 часот.