25.4.2018
Систематски преглед на учениците
Среда 25.04.2018 г. со почеток во 8:00 часот ќе се врши задолжителен систематски преглед за учениците од I 3 одделение во просториите на Школска медицина во ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ОХРИД со адреса: ул. „Сирма Војвода“ бр. 1, а потоа и стоматолошки преглед во Детски диспанзер (Маларична).
Со оглед на тоа дека е ова прв систематки преглед во училиште, доколку родителите сметаат дека има потреба, ученикот може да дојде во придружба на еден родител – старател. Доколку родителите имаат работни обврски и не се во можност да бидат присутни за време на систематскиот преглед учениците тоа ќе го направат со одделенскиот наставник.
Учениците да носат здравствена легитимација и шишенце со урина. Оние ученици кои правеле испитувања на крвта во текот на изминатата седмица не мораат да ги прават истите испитувања (задолжително ќе ги направат другите прегледи), но за тоа треба да биде известен наставникот од страна на родителот.