21.03.2018
21 Март – Ден на пролетта и екологијата
Денот е наставен и ќе бидат реализирани часови за среда, според распоредот за овој наставен ден.
И оваа година, традиционално, доколку дозволуваат временските услови, ќе се уредува училишниот двор, ќе се чисти од отпад и ќе се засадуваат цвеќиња (учениците може да донесат цвеќе за засадување). Активностите ќе се реализираат за време на часовите.
Доколку е врнежливо, активноста ќе биде одложена за друг ден до крајот на работната седмица.
Наставата завршува во 12:00 часот.