ОГЛАСНА ТАБЛА
21.12.2023
Новогодишна работилница
Доколку сакате да погледнете каква беше атмосферата на новогодишната работилница кликнете тука
„Стејџ“ – Танцов натпревар, Национална Опера и Балет
Маја Тупанческа, Кристина Ѓореска, Јана Костовска и Наталија Тодороска - ученички од нашето одделение, се посветени балеринки во студиото за балет МКОЦ “Соната“ кај менторката Оливера Дилиндарски. На танцовиот натпревар „Стејџ“ кој се одржа на 18 ноември 2023 во Националната Опера и Балет во Скопје, освоија две први и две втори места и се закитија со медаљи. Честитки за постигнатиот успех!
Вежби за бројниот систем и броевите до 100
Вежби кои ќе им помогнат на учениците од второ одделение да ги усвојат броевите до 100. Работните листови можете да ги најдете на линкотвите: Броеви до 100 и Бројна оска
Заокружување на броевите на полна десетка
Лентата со броеви е одлична алатка со која учениците од прво и второ одделение можат да ги усвојат броевите до 100. Работниот лист од кој можете да ја изработите лентата ќе го најдете на линкот во описот на видеото
Лента со броеви до 100
Лентата со броеви е одлична алатка со која учениците од прво и второ одделение можат да ги усвојат броевите до 100. Работниот лист од кој можете да ја изработите лентата ќе го најдете на линкот во описот на видеото
Единици и десетки - едноцифрени и двоцифрени броеви
Примена на арапските цирфи и начинот на кој пишуваме со нив. Декадниот или десетичен систем кој го употребуваме при пишувањето на броевите подразбира позиционо подредување на цифрите при што во 1 десетка се содржат 10 единици (1Д=10Е) Работниот лист може да го најдете на линкот
Прв училиштен час
1.9.2023 г.
Првиот училиштен час започнува во попладневната смена од 13:30 до 14:10. Учениците да дојдат во училиште 10 минути пред започнување на часот. Самостојно, без придружба на родител или старател, влегуваат од влезот кој е одреден за учениците. На првиот час ќе добијат испечатени листи со потребен прибор и материјали, распоред за часови и согласност за снимање (согласноста за снимање, учениците да ја донесат во понеделник - 4.9.2023). Учениците да носат мал ранец во кој ќе можат да си ги стават и книгите што се пристигнати.
По завршување на часот родителите може да ги земат учениците од влезот наспроти нашата училница (како минатата учебна година)
Потребен прибор за II одделение
Листата со приборот кој треба учениците да го имаат може да ја испечатите тука
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
Македонски јазик: 5 тетратки за почетно пишување и големата тетратка по македонски јазик од минатата учебна година. Тетратките потпишете ги, а три од нив ученикот ќе донесе и чува во шкафчето во кабинетот. Како тетратка за диктат ќе ја користиме онаа од претходната учебна година што е во училница. (дополнувате нова штом учениците ја завршат со пишување онаа која веќе ја употребуваат).
Математика: малата тетратка со квадратчиња (може и со тврда корица) и малата тетратка без линии од претходната учебна година. Математички семафор, комплет линијари (2 триаголници, линијар и агломер - секој од линијарите и футролата означете ги со маркер или лак за нокти со иницијалите од ученикот или знак препознатлив за него)
Општество: Голема тетратка А4 формат со квадратчиња. (не со правоаголници - системот од линии со квадратчиња е соодветен и сличен на системот за пишување од тетратките за почетно пишување)
Природни науки: - Голема тетратка А4 формат со квадратчиња; (не со правоаголници)
Футрола за прибор со комплет дрвени бои и фломастери, 2 моливи – НВ, гума, острилка, ножички, лепак - стик и салотејп;
Музичко образование: мала тетратка со квадратчиња;
Ликовно образование: - 2 блока за цртање број 2 (не за скицирање), дрвени боички, водени боички, темперни бои, 2 четки една широка (сплосната) и една тенка и чашка за вода, пастелни бои, самолеплива хартија во боја, пластелин и подлога (табличка). Земете голема кутија од чевли (може да ја употребите и кутијата од претходната учебна година), украсете ја со украсна хартија и ставете го приборот по ликовно образование во неа. Направете список со материјалите кои се во кутијата и залепете го на капакот на внатрешната страна од кутијата. Кутијата ќе стои во шкафчето од ученикот. Подлогата за работа која се поставува на клупата ако е пластифицирана не може да стои во кутијата, таа ќе стои во шкафчето; кутијата со прибор учениците ќе ја донесат во училиште на 4 септември (понеделник).
Препорака: Потпишете го секое парче од приборот - залепете налепници, залепете лентички, употребете маркер или лак за нокти - во зависност што треба да означите. Ако користите лак за нокти - земете специфична боја која ученикот лесно ќе ја препознае како своја за да може лесно да го препознае приборот кој е негов. Употребете од приборот се што е употребливо од претходнта учебна година, а исто така и од тетратките со цел да се направи целина во работата во тетратките. Учениците активно вклучете ги во процесот на подготовката на приборот и материјалите за да може понатаму самостојно да се подготвуваат за во училиште.
Активностите од претходните учебни години
ќе ги најдете на страницата АРХИВА
РАСПОРЕД ЗА ЅВОНЕЊЕ
Претпладне:
08:00 - 08:40
08:45 - 09:25
09:50 - 10:30
10:35 - 11:15
11:20 - 12:00
12:05 - 12:40
Попладне:
13:30 - 14:10
14:15 - 14:55
15:20 - 16:00
16:05 - 16:45
16:50 - 17:30
17:35 - 18:15