КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
1. УЧЕНИЦИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА НОСАТ УЧЕНИЧКАТА УНИФОРМА И ДА СЕ ПРИСТОЈНО ПОТСТРИЖЕНИ
2. УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВО УЧИЛИШТЕ ОКОЛУ 15 МИНУТИ ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ЧАСОВИТЕ
3. ЗА ВРЕМЕ НА МАЛИТЕ ОДМОРИ УЧЕНИЦИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ЈА НАПУШТААТ УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА БЕЗ ПОСЕБНА ПОТРЕБА
4. НЕ НАПУШТАЈТЕ ГО УЧИЛИШНИОТ ДВОР ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМИОТ ОДМОР И ДРУГИ ПРЕКИНИ НА НАСТАВАТА
5. ВАШЕТО ДОЦНЕЊЕ НА ЧАСОТ ЌЕ БИДЕ ЕВИДЕНТИРАНО И САНКЦИОНИРАНО
6. УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА НАВРЕМЕ ДА ГО ОПРАВДААТ СВОЕТО ОТСУСТВО ОД ЧАСОВИТЕ СО МЕДИЦИНСКА БЕЛЕШКА И РОДИТЕЛ
7. ДЕЖУРНИТЕ УЧЕНИЦИ ТРЕБА СОВЕСНО И НАВРЕМЕНО ДА ГИ ИЗВРШУВААТ СВОИТЕ ОБВРСКИ
8. УЧЕНИЦИТЕ НАВРЕМЕНО ТРЕБА ДА ГИ ПРИЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИТЕ КАЈ ДЕЖУРНИТЕ НАСТАВНИЦИ, ОДДЕЛЕНСКИ РАКОВОДИТЕЛИ ИЛИ СТРУЧНАТА СЛУЖБА
9. НАВРЕМЕНО ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ ОШТЕТУВАЊАТА НА УЧИЛИШНИОТ ИНВЕНТАР
10. УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДОЛЖНИ НАВРЕМЕНО ДА ИЗВЕСТАТ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КОНФЛИКТИ ПОМЕЃУ ПОЕДИНЦИ И ГРУПИ ВО УЧИЛИШТЕТО И НАДВОР ОД НЕГО
11. ДИСЦИПЛИНАТА ВО ОДДЕЛЕНИЕТО И УЧИЛИШТЕТО Е РЕЗУЛТАТ НА ВАШЕТО ОЦЕНУВАЊЕ
12. НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕДИСЦИПЛИНАТА И НЕАДЕКВАТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ ВО УЧИЛИШТЕТО И НАДВОР ОД НЕГО ДА СОЗДАДЕ НЕГАТИВНА СЛИКА ЗА ВАШАТА ЛИЧНОСТ
13. УЧЕНИЦИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ПОТПАЃААТ ПОД НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА УЧЕНИЦИ ИЛИ ГРУПИ СО НЕАДЕКВАТНО ОДНЕСУВАЊЕ, А ЗА ТОА ДРУГИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ ДА ИМ ЗАБЕЛЕЖАТ
14. НЕ ПОКАЖУВАЈТЕ ТОЛЕРАНЦИЈА КОН НЕДИСЦИПЛИНИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ И НЕ БИДЕТЕ НЕПОТРЕБНО СОЛИДАРНИ СО НИВ
15. ЗА ПОВИКУВАЊЕ НА НЕДИСЦИПЛИНИРАНИ УЧЕНИЦИ И ГРУПИ ОД ДРУГИ УЧИЛИШТА СЕ ИЗРЕКУВААТ ПЕДАГОШКИ МЕРКИ
16. ИЗБЕГНУВАЈТЕ КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ И АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ
17. УЧЕНИЦИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ГО ЗЛОУПОТРЕБАТ НОСЕЊЕТО НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ВО СПРОТИВНО ЌЕ СЕ ПРЕВЗЕМАТ МЕРКИ (за време на настава задолжително телефоните треба да бидат исклучени)
18. ПОЧИТУВАЈТЕ ЈА ЛИЧНОСТА И СОВЕТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И НЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАЈТЕ НИВНАТА ДОВЕРБА, БИДЕЈЌИ СЕКОГАШ НИВНИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ И СУГЕСТИИ СЕ ДОБРОНАМЕРНИ
19. ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ КОРЕКТНО КОН СИТЕ УЧЕНИЦИ (ОСОБЕНО КОН ОНИЕ КОИ ИМААТ ОДРЕДЕНИ ПРЕЧКИ И ПОТЕШКОТИИ
20. РАЗБИРАЊЕТО, ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ПОЧИТУВАЊЕТО НЕКА БИДАТ ВАШ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ НА ОДНЕСУВАЊЕ
21. ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ТУЃОТО МИСЛЕЊЕ, СЛЕДЕТЕ ГИ ПОЗИТИВНИТЕ ПРИМЕРИ НА ОДНЕСУВАЊЕ И ИСТИТЕ ПРЕНЕСУВАЈТЕ ГИ НА ДРУГИТЕ УЧЕНИЦИ
22. ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОСТАПКИТЕ И ОДНЕСУВАЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕТО И НАДВОР ОД НЕГО Е ВАША ОБВРСКА И СЛИКА НА ВАС КАКО ЛИЧНОСТ, НА ВАШИТЕ СЕМЕЈСТВА И НА УЧИЛИШТЕТО
23. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ НА ДАДЕНИТЕ ВЕТУВАЊА КОН УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ
24. ОД СЕКОЈА СИТУАЦИЈА ИЗВЛЕЧЕТЕ ПОУКА И НЕ ПРАВЕТЕ ЈА ИСТАТА ГРЕШКА ПО ВТОР ПАТ
ПОЧИТУВАЊЕТО НА КОДЕКСОТ НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОДОБАР УЧИЛИШЕН АМБИЕНТ