logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

16.10.2024

Бојата на чувствата - работилница

   Колку ги препознаваме нашите чувства и колку можеме да се справиме со нив?

  Во потрагата по одговорот на ова прашање ни помогнаа вработените во стручната служба во нашето училиште кои ја подготвија и реализираа работилницата „Бојата на чувставта“ и во нашата паралелка.

  Со давање примери и глумење на случки кои ги брануваат нашите чувства, а во кои се нашле учениците, ги распознававме емоциите и се обидувавме најправилно да постапиме во дадената ситуација.

  Секој од учениците доби емотикони кои ги претставуваат чувството на радост, тага, лутина и страв, а потоа самостојно избра боја со која го претстави секое од овие чувства. На листовите ги запишаа своите стравови, што ги лути, растажува и што ги прави среќни.

 При читањето на запишаните примери заклучивме дека сите ние со исти емоции реагираме на убавите и неубавите нешта, што ќе ни помогне полесно да ги препознаеме емооциите и да научиме соодветно да се справуваме со нив.

     Албумот можете да го погледнете тука

Архива

16.10.2013

Домашна работа

   Македонски јазик: да се препише текстот „Ване и Томи“ во тетратката.