Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

ОКТОМВРИ

Подготовки

 << СЕПТЕМВРИ                                                                       НОЕМВРИ >>

 
 

Предмет:     Запознавање на околината

Дата:01.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:  Училиштето и знаењето

Наставна единицаИнформации од повеќе извори

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со важноста на информациите кои ги добиваат за градење на личност која ќе може да се прилагоди и истакне во општествената средина; да се запознаат со изворите од кои можат да добиваат и црпат информации  

воспитни:      -развивање на позитивни погледи и ставови кон учењето; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност; развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: - да ги воочуваат и идентификуваат книгите, енциклопедиите, интернетот, ТВ, радиото и печатот како извори на информаци; правилно и рационално да ги употребуваат во процесот на учење 

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Зошто ни е важно учењето, дали е потребно знаењето постојано да се надополнува? - насочен разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

Учебник стр. 18

1.       Информации од повеќе извори:

  • книги
  • енциклопедии
  • интернетот
  • ТВ
  • Радио
  • печат

2.       Кои од овие извори на информации ги употребуваат учениците за да се здобијат со нови сознанија:

  • начин на кој можеме да ги употребиме наброените медиуми

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија: проценка  и проверување на точноста на информациите

 
 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:05.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Училиштето и знаењето

Наставна единица:    Како е организирано моето одделение

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

образовни: - учениците да го организираат животот во паралелката за да ги задоволат потребите за поделба на обврските на учениците во училницата со цел да се запази редот, дисциплината и хигиената во училницата

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

                       - развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -да го воочуваат и почитуваат  куќниот ред во училиштето и паралелката со што ќе станат уредни, редовни и одговорни ученици во својата паралелка и во училиштето

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Како функционира организацијата на учениците во одделението (корелација со одделенски час)? - разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1.       Распоред на часови

2.       Правила за однесување во училницата:

  • почеток на часовите, доаѓање во училиште - претпладне и  попладне
  • однесувње на малите одмори и големиот одмор
  • како треба да ја оставиме училницата на крајот од часовите (уредна и чиста)
  • како да се грижиме за инвентарот и предметите во училницата

3.       Зошто е потребно да се избере одделенско раководство во  одделението (кој може да го организира животот и функционирањето на паралелката):

  • ученици кои ќе се грижат за цвеќињата во училницата
  • ученици кои се грижат за уредноста на кабинетот
  • ученици кои предлагаат и организираат активности на учениците од паралелката - какви активности се превземени

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Избор на кандидати кои на следниот одделенски час ќе се кандидираат за избор на претседател на одделението

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:07.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Училиштето и знаењето

Наставна единица:    Училиштето е наш втор дом

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за организацијата на работата и куќниот ред во училиштето, просториите и вработените во училиштето и правата и обврските на учениците

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

                       -развивање на чувство на припадност кон училиштето и паралелката

функционални: -да го воочуваат и почитуваат  куќниот ред во училиштето со што ќе станат уредни, редовни и одговорни ученици во својата паралелка и во училиштето

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Лична карта на моето училиште(како се вика, каде се наоѓа)- разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1.       Каде поминувам поголем дел од моето време

2.       Говорна вежба - зошто велиме дека училиштето е наш втор дом (систем прашања и одговори):

  • објекти (стара, нова зграда, спортска сала)
  • генерации на ученици, смени, училници, паралелки
  • куќен ред во училиштето
  • како треба да се однесуваме надвор од училиштето: родендени, екскурзии, посети на објекти, претстави и сл.
  • простории во училиштето
  • вработени во училиштето
  • празници кои ги прославува училиштето

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија: како го поминувам времето надвор од училиштето

 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:14.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Училиштето и знаењето

Наставна единица:   Грижа за ентериерот и зеленилото во училиштето

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: -учениците да се поттикнат на одговорност за чување на училницата, да се залагаат за разубавување на ентериерот во неа  и да се грижат за зеленилото во училиштето и училишниот двор; да го одржуваат редот и хигиената во просторот на училиштето

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

-развивање на чувство на припадност кон училиштето и паралелката

функционални: -да го воочуваат и почитуваат редот во училиштето; одговорно да се однесуваат и да се грижат за одржување на хигиената, инвентарот во училницата со цел да се направи попријатна атмосвера за работа на часот

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Како се чувствувам во нашата училница - насочен разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1.       Како да ја направиме попријатна атмосверата за работа на часот:

   I Организација на училницата:

  • уредување на просторот на ѕидовите во училницата
  • поставеност на клупите
  • катчиња по наставните предмети
  • кабинет
  • навремено доаѓање на часовите во училиште - претпладне и  попладне
  • како треба да ја оставиме училницата на крајот од часовите (уредна и чиста)
  • како да се грижиме за инвентарот и предметите во училницата

   II Грижа за зеленилото во училиштето:

  • однесувње на малите одмори и големиот одмор
  • грижа за паркот во училишниот двор

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Илустрација - како сакам да изгледа мојата училница 

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:15.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Училиштето и знаењето

Наставна единица:    Го разубавувам моето училиште

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: -учениците да се поттикнат на одговорност за чување на училницата, да се залагаат за разубавување на ентериерот во неа  и да се грижат за зеленилото во училиштето и училишниот двор; да го одржуваат редот и хигиената во просторот на училиштето

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

 -развивање на чувство на припадност кон училиштето и паралелката

функционални: -да го воочуваат и почитуваат редот во училиштето; одговорно да се однесуваат и да се грижат за одржување на хигиената, инвентарот во училницата со цел да се направи попријатна атмосвера за работа на часот

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Дали ми се допаѓа изгледот на мојата училница - насочен разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

Како да ја уредиме нашата училница - дискусија:

  • што да се постави на просторот на ѕидовите во училницата (хамер со правата на децата, календар, броевите до 100)
  • како да се постават клупите
  • со што да ги збогатиме катчињата (одделенска библиотека)
  • како подобро да се грижиме за инвентарот и предметите во училницата
  • какви промени се потребни и колку тие би биле функционални
  • Грижа за зеленилото во училиштето:
  • за паркот во училишниот двор треба да се грижат и учениците

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Уредување на просторот во училницата 

 
 

Предмет:     Запознавање на околината

Дата:19.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:  Училиштето и знаењето

Наставна единица:  Дискусија: Што би се случило ако не одам на училиште?

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги систематизираат и прошират стекнатите знаења за  учењето како важна компонента во личниот развој; да ги согледаат последиците од нивната иасклученост од образовниот систем во споредба со учениците кои активно учествуваат во наставата

воспитни:      -развивање на позитивни погледи и ставови кон учењето,  училиштето, наставниците, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност; развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -со интерес и задоволство да ја следат наставата, активно да се вклучуваат во наставните активности за време на часот, самостојно да го организираат слободното време и дел од истото да посветуваат на учење и градење на својата личност

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Какви се мотивите на учениците за доаѓање во училиште (желба, задоволство, барање на родителите)? - насочен разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

Работа во групи:

Што би се случило ако не одам на училиште:

  • придобивки
  • штети

Наставно ливче

Дискусија: дали придобивките од неодењето во училиште се повредни од штетата што би ја имале учениците во развојот на својата личност

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Како изгледа ученикот што:

  • оди на училиште
  • не оди на училиште - лепење на мислењата од учениците врз хамер, споредување, како кој од учениците на хамерот би сакал да бидам јас
 
 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:21.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:  Училиштето и знаењето

Наставна единица: Презентирање идеи: Како да се уреди  мојата училница за да биде пријатно катче за работа

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за организацијата на работата на учениците во училницата; самостојно да учествуваат во нејзиното уредување

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

                       - развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -да го воочуваат и почитуваат редот во училницата со што ќе станат уредни, редовни и одговорни ученици во својата паралелка и во училиштето, да се грижат за одржување на хигиената и да го чуваат и одржуваат инвентарот во училницата

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Што ми се допаѓа, а што не во мојата училница - разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

 Како да се уреди  мојата училница за да биде пријатно катче за работа - работа во групи:  

   I група:  украсување на паноата во училницата

   II  група:  катчиња - формирање на катчиња по наставните предмети

   III   група: кабинет - како треба да го организираме кабинетот во училницата

   IV   група: украсување со украсни растенија

секоја група изработува план и цртеж како ја замислува училницата според барањето

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентирање на идеите од секоја група

 
 

Предмет:    Запознавање на околината

Дата:22.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:  Училиштето и знаењето

Наставна единица:  Повторување на темата

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

образовни: учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за учењето како важна компонента за личниот развој; важноста на образованието (основно и средно) во градењето на личност која ќе може да се прилагоди и истакне во општествената средина 

воспитни: -развивање на позитивни погледи и ставови кон учењето,  училиштето, наставниците, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност; развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -со интерес и задоволство да ја следат наставата, активно да се вклучуваат во наставните активности за време на часот, да се изградат како личност која ќе може да комуницира и активно ќе се вклучува во животот на општествената средина

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. какво е значењето на училиштето за учениците - насочен разговор
  2. истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

  1. Активности во наставно ливче:
  • повторување на стекнатите знаења од наставната тема преку самостојна работа и колективно утврдување на точноста на дадените одговори во наставното ливче

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Наставно ливче, евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија: Дали можем да учам сам?

 
 
      

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:26.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Односи во семејството

Наставна единица:      Односи во семејството

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со односите на членовите на семејството, обврските кои ги имаат во организацијата и функционирањето на животот во семејството, да  стекнат знаења за потребата од поделба на задолженијата и од меѓусебно помагање

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да ја воочуваат  и идентификуваат потребата од поделба на задолженијата и од меѓусебно помагање меѓу членовите на семејството; да ги надминуваат родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Да ги набројам членовите на моето семејство  - набројување од страна на учениците  (дедо, баба, тато, мама, брат, сестра... )

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

         Работа во групи:

   I група - формирање на различни видови семејно живеење (контурни

  • фигури: дедо, баба, татко, мајка, сестра, брат; хамер, лепак)

   II група - потреби кои ги има семејството, кој ги извршува -

  • набројување на активностите: миење, перење, метење, бришење, подготвување на храна купување намирници и тн. (хартија, хамер, лепак)

    III група - предмети во домот - кој се служи со нив (сликички од предмети во домот, хамер, лепак)

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентација на изработката од секоја група - дискусија 

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:28.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Односи во семејството

Наставна единица:  Моето потесно семејство

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со организацијата и функционирањето на семејството, да  стекнат знаења за членовите на потесното семејство и нивната функција во домот; да се запознаат со  различни видови семејно живеење

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да ги идентификуваат членовите на потесното семејство; да го воочуваат местото и улогата на секој од нив во домот; да ги почитуваат родителите и куќниот ред во домот и семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Кој живее во мојот дом - разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

       I  Видови семејно живеење:


  • претставување со Венов дијаграм
  • за што се грижат и што ни обезбедуваат нашите родители
  • како ние им возвраќаме за тоа

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија:Како ќе бидат поделени обврските во различните видови семејно живеење

 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:29.10.2009

Одд:  III в        

Наставна тема:   Односи во семејството

Наставна единица:   Родители, брак, раѓање

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со поимите брак, раѓање, предци, потомци; да ја осознаат крвната врска меѓу членовите на пошироката фамилија, нивната взаемна поврзаност и соживот

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да разликуваат и идентификуваат предци и потомци; да ги воочуваат потомците како плод на љубовта на родителите; бракот како заедничко живеење на родителите и да ги идентификуваат врските со останатите членови на фамилијата

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Колку години имам, кога сум роден,  - разговор

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

      I  Родители, брак раѓање - разгледување семејни албуми:

  • веселба при стапување на родителите во брак
  • принова во семејството
  • слики на децата кога биле бебиња и од нивното детство

      II Предци и потомци:

  • кои се моите предци: семејно стебло(баби, дедовци, прабаби, прадедовци)

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Колективна изработка на семејно стебло (баби, дедовци, родители, вујко, стрико, тетка) - хамер, поставување на паното во училницата