Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

СЕПТЕМВРИ

Подготовки

<< СЕПТЕМВРИ                                                                         ОКТОМВРИ >>

 
 
 ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС

Училиште: ОУ „Григор Прличев" - Охрид

Наставник: Славица Мојсоска

Наставен предмет:  Ликовно образование

Датум:  .09.2013

Одделение:  II  3

Наставна тема:

Обликување во просторот, моделирање и градење

Наставна единица:

Моделирање едноставни геометриски тела (топка, коцка,...) - блок часови

Тип на часот

ОБРАБОТКА             

Цели на часот:

  • учениците да се оспособат да моделираат едноставни тридимензионални геометриски форми и истите да ги компонираат во ликовна целина
  • создавање хигиенски навики при работа со ликовните материјали

Место на реализација:

Училница

Очекувани резултати:

  • да моделираат тридимензионални форми (едноставни и сложени)

Видови настава

ИНТЕГРИРАНА

Наставни форми

фронтална

индивидуална

работа во групи

Наставни методи

монолошки

дијалошки

демонстративен 

практична работа

разговор        

Наставни техники и стратегии

бура на идеи

Наставни средства и помагала

пластелин, геом.тела

ПОДГОТОВКА НА УСЛОВИ И СРЕДТСВА ЗА РАБОТА (воведен дел) - 10' 

 Активности на наставникот:

  1.  Корелација со математика - повторување на изучените геометриски тела: коцка, квадар, конус, пирамида, цилиндар, топка

  2.  Поттикнување дискусија при истражувачките активности

  3.  Истакнување на целта на часот

 Активности на учениците:

   1 Истражувачки активности - работа во групи со модели на геометриски тела: 

  - карактеристики на изучените геометриски тела (кои од геометриските тела се тркалаат, кое геометриско тело може да се постави над некое друго .. .)

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ ( главен дел) - 30'

 Активности на наставникот:

   1. Следење на активностите, давање насоки, упатства за работа

   2. Поттикнување дискусија: Каква сложена фигура можеме да изработиме од направените геометриски тела - бура на идеи

   3. Следење на активностите, поттикнување и насочување на учениците во реализација на идеите,  водење забелешки

  Активности на учениците:

                  1. Час  - 30'

      1. Изработка на едноставни геометриски форми во различни големини и бои

  • коцка, квадар, конус, пирамида, цилиндар, топка


                   2. Час  - 20'

      2. Индивидуални искажувања на учениците

      3. Компонирање  на едноставните тридимензионални геометриски форми во ликовна целина

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ (завршен дел)

(дискусија, прашања, наставно ливче, тест на знаење, прашања и задачи за самооценување, ....) - 20'

 Активности на наставникот:

   1. Поттикнување и следење на активностите

 Активности на учениците:

  1. Поставување на изработките - мала одделенска изложба
  2. Меѓусебно оценување на изработките
  3. Избор на најубава изработка

ДОМАШНА ЗАДАЧА


РЕФЛЕКСИЈА И АНАЛИЗА

А) ПОСТИГАЊА

-

Б) ПОТЕШКОТИИ

-

В) ИМПЛИКАЦИИ ЗА РАБОТА ВО ИДНИНА

-