ПОЧЕТНО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ
Изучени букви: А, М
Зборови: мама, ама, амам
Изучени букви: А, М, И
Зборови: има, ами, Мими, Миа, Мима, имам, имаа, им
Реченици:
1. Мими има мама.
2. И Mиа има мама.
Изучени букви: А, М, И, Е
Зборови: име, мие, Ема, Еми, имаме, миеме
Реченици: (зборовите во заградата учениците ги цртаат)
1. Мими има име. Мими е име.
2. И Ема има име. Ема е име.
3. Еми мие и мама мие.
4. Миа има __ (топка) и Еми има __ (топка).
5. Мими има __ (тротинет), а Ема има __ (велосипед).
6. Имаме __ (топка), а Мима има __ (балон).
Изучени букви: А, М, Е, Н
Зборови: ан, Ана, Ане, анама, ама, аман, амам, Ема, Ена, мама, мана, меме, мене ме, Мане, на, нама, нане, Нена, не, неа, нем, нема, немам, немаме, немаа
Реченици:
1. Нена нема мана.
2. Ема нема мана.
3. Ана нема нане.
4. Ена нема нане.
5. Немаме нане.
работен лист: А, М, Е, Н
Изучени букви: А, М, Е, Н, С
Зборови: ас, асе, Асен, ананас, сее, семе, сама, смее, насмеа, насмеан, насмеана, есен, Насе, маса, НАСА, саем, саан, сам
Реченици:
1. Есен е. Насе е сам. Насе сее семе.
2. Асен се смее. Есма се смее. Мане е насмеан. Ана е насмеана. Мама е насмеана.
3. Ена е сама. Ена се смее. Ена е насмеана.
4. Ема нема ананас. Немаме ананас.
работен лист: А, М, Е, Н, С
Изучени букви: А, М, И, Е, С
Зборови: се, си, сам, сее, сме, семе, смее, сама, Симе
Реченици:
1. Симе е сам.
2. Симе сее семе.
3. Ема се смее.
4. Миме е сама.
5. Мама меси сама.
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н
Зборови: не, ние, нас, Ена, Ана, Нена, Насе, Мане, Емина, миена, минаа, намина, сина, мана, есен, нане
Реченици:
1. Мане има нане.
2. Наминаа Емина и Ана.
3. Насе се мие и се смее.
4. Мама е насмеана.
Ана е миена, а Ена не е. Наминаа Мане и Нена.
- Мане, Нена! Ена не е миена!
Мама меси на маса. И Нена сама меси.
Нена е насмеана. Се смее и мама.
Есен е. Се сее. Mане има семе.
Симе сее сам. Мама им носи __ (ручек).
Миме и Симе се сами. Миме се мие сама. И Симе се мие сам.
- Миме! Ние сами се миеме! – се смее Симе.
На саем
Мане и Ена се сами. Мама и Асен се на саем, а Симе сее семе.
Наминаа Есма, Ема и Насе.
- Ние сме сами, - се насмеа Ена - мама е на саем.
Сите се насмеани: Мане, Ена, Есма, Ема и Насе.
работен лист: „На саем“
работен лист: „На саем“ (поправи ги грешките)
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т
Реченици:
1. Анета и Атанас се смеат.
2. Тане има ананас.
3. Тета Стана меси на масата.
4. Тате и мама се на саем.
5. Насте и Митана се сами.
6. Мите има тенис.
7. Анета смете сама.
8. Нена мие ананас.
9. Масата е наместена.
10. Стасаа Тане и Атина.
11. Анита нема саат.
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О
Реченици:
1. Симо носи сено.
2. На масата има месо.
3. Томе има саат.
4. Митко сее семе.
5. На масата стои стомна.
6. Тина и Мето имаат монети.
7. Симе сони сон.
8. Мостот е тесен.
9. Местото е темно.
10. Тина сее со сито на масата.
11. На масата стои оса.
12. Томе е осамен.
13. Наесен има оси на масата.
14. Ана на масата стави ананас.
15. Тие носат семе, а ние сееме.
16. Антонио се смее со мене.
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О, В
Реченици:
1. Ивона и Невена се насмеани.
2. На таванот има антена.
3. Во новата стомна има вино.
4. Во авионот се Иван, Весна и Васе.
5. Авионот се вивна во висина.
6. Васо и Невена носат овес.
7. Симона ми се насмевна.
8. Саатот е навиен.
9. Антонио во стомната носи вино.
10. Во тавата има месо.
11. На масата има аван.
12. Анита е невеста.
13. На ТВ има вести.
14. Стево е во Тетово.
15. Во виното е вистината.
16. Иван има настава.
17. Тина на масата остави ананас.
18. Ивана не внимава.
19. Мите стои на своето место.
20. Ева се насити со ананас.
Тато и Ване се на таванот. На таванот висат ветви сита, тави и сатови. Освен тоа има и ветва маса, а на неа аван. На таванот има се.
Таванот е место на минатото.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Васо има нов авион. Авионот се навива.
Со Васо е и Невена. Васо и се насмевна на Невена:
- Авион е ова Невено. Се вивна во висина.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О, В, П, Б
Реченици:
1. Бобан пее песна.
2. Бети носи банани.
3. Пане има бостан.
4. Симона стои на патот.
5. Питата е на масата.
6. Баба има стомна.
7. Пепи е бос.
8. Баба меси посна пита.
9. Авионот стои на пистата.
10. Биба ни испеа песна.
11. Бебето спие.
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О, В, П, Б, Л, Д
Реченици:
1. На ливадата има теле.
2. Баба ми даде банана.
3. Во стомната има вода.
4. Диме е дете.
5. Лиле е на ливадата.
6. На село е весело.
7. На лето е топло.
8. Владо има сладолед.
9. На патот има велосипед.
10. Балонот летна над планината.
11. Денес е недела.
12. Под масата има стомне со вода.
13. Пане е паметно дете.
14. Ивана падна во водата.
15. Дивна има две монети.
16. На масата има домати.
17. Дедо Даме посади невен.
18. Тета Дана оди по патот.
19. Давид е дома со дедо Тане.
20. Ана седна до Пепо.
21. Мама меси пита од сливи.
22. Натали сама плива.
23. Лиле виде мало пиле.
24. Во планината има волк.
25. Лиле седна на столот.
26. Панде има летало.
27. На пладне сите сме дома.
28. На пистата слета авион.
29. Леталото летна над долината.
30. Лавот е опасен.
31. Петелот стои на плотот.
32. Дана ми даде домино.
33. Диме внимава да не падне.
34. Ване е воспитано дете.
35. Дана има две виолини.
36. Лавот демне во дивината.
37. Милена е мамина одмена.
38. Лиле е во моден салон.
39. Владо виде слонови, лавови и антилопи.
40. Пилотот надлета со авионот над нас.
41. Моето одделение настапи на еден настан.
42. Садот се наполни со вода.
43. Мартин насади салата во нивата.
Дедо Димо остана сам.
Еден ден, синот на соседот, Пепо, намина во посета.
-Еве дедо Димо, понада од мама и тате. Ти донесов пита и стомне со вода.
Дедо Димо седна на масата и се напи од водата.
-Паметно дете на дедо си ти! - се насмевна дедо Димо.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Во неделите Лиле е дома. Се наспива. Еве саатот е девет, а таа спие ли спие.
-Стани, Лиле, саатот е девет - и вели мама.
-Остави ме, мамо, денес е недела - се досети Лиле.
-Недела е, ама Миле и тато отидоа на Водно.
Лиле се сепна. Стана истиот момент. Но, попусто. Миле и тато пораниле.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О, В, П, Б, Л, Д, У, Р
Реченици:
1. Дедо Ристо посади дрво во дворот.
2. Румена е вредна мома.
3. Вера ми е сестра.
4. Сандра има роденден.
5. Мама направи торта.
6. Дедо има луле.
7. Денес станувам подмлаткар.
8. Рударите вадат руда.
9. Во дворот се сретнаа Ристе и Мартин.
10. Баба направи урда.
11. Утре е недела.
12. Румена има убав молив.
13. Рада брои денари.
14. Рада се пресели во новата вила.
15. Васил внесе во станот нов тросед.
16. Дедо посади репа.
17. По друмот минува автобус.
18. Наутро е навистина студено.
Надвор е темно и ладно. Дува силен ветар. Со сестра ми сме сами. Мама и тате не се дома. Вратата се отвори. Тоа се тие, се вратија тате и мама. Тате радосно вели:
- Вие не сте мали! Си седите сами дома!
- Ние сме мали, но смели.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Во неделите Рада оди на село. Таму таа има дедо. Сам е. Рада редовно му носи понада.
Еден ден во дворот Рада виде два петла. Едниот мирно стои на плотот, а вториот се топори во дворот.
По едно време луто се степаа. Пердуви летаа од нив.
- Види дедо петлите се степаа.
- Остави ги Раде тоа се луди петли - се насмевна дедо Ристе.
автор Д-р Ѓорѓи Делчев
Изучени букви: А, М, И, Е, С, Н, Т, О, В, П, Б, Л, Д, У, Р, Ј
Реченици:
1. Јане јаде јаболко.
2. Во јуни сме на одмор.
3. Јасна набра домати.
4. Јован ја испеа песната.
5. Јулија посади јавор.
6. Јана јаде во ресторан.
7. Јас сум воспитано дете.
8. Јована и Мирјана се јатрви.
ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА
Член 52
Користењето на авторско дело без плаќање надомест се однесува на следните случаи :
Користење дела заради илустрирање во образовни или научни истражувања до степен оправдан со некомерцијалната цел што треба да се постигне, под услов да се наведе името на авторот и изворот.
Текстовите кои се превземени од Букварот за прво одделение од Ѓорѓи Делчев се со некомерцијална цел, туку подобрување на наставниот процес.