Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

НОЕМВРИ


  ОКТОМВРИ                                                                           ДЕКЕМВРИ >>

 
 

Наставен предмет:    Запознавање на околината 

 Дата: 14.11.2012

  Одд.   I  3

Наставна тема: Јас и другите

Наставна единица: Моето најдобро другарче

Тип на часот:                                

 ОБ

 УВ

 УТ

 ПО

 СТ

 КО

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

образовни: учениците да се зпознаат со значењето на поимот другарство; да ги запознаат желбите склоностите и способностите на своите другарчиња кои се различни од неговите и истите да ги ценат и почитуваат;

 воспитни: развивање позитивни погледи и ставови кон училиштето; почит кон своите другарчиња и различните од себе

 функционални: учениците да развиваат другарски однос со своите соученици во одделението;  да ги ценат и почитуваат желбите, склоностите и способностите на другарчињата кои се различни од неговите, да ги прифатат и почитуваат разликите со своите  врсници (културни, верски и др)

 ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

 Наставни методи

 Наставни форми       

 Наст.-тех. средства

 ТР  

 ТМ 

ПР 

 ПБ

    ЛП  

    ДИ  

  ВТ  

 ФР

 ИН 

 ИНД

 ГФ

  РД

  ПС

   МС

  СФА

  НЛ

СФА: карти ( парчиња хартија, со форма на правоаголник), прибор за цртање

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

(воведен дел) - 10 

- Именувај го најдоброто другарче – говорна игра

- истакнување на целта на часот 

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ 

 (главен дел) - 25’

 Активности на наставникот:

  1. Игра со карти – објаснување на правилата

o Нацртај го твоето најдобро дручарче

o Нацртај што најмногу ти се допаѓа кај твоето другарче и тн.

  2. Повикување на учениците да ги презентираат картите пред табла и да се групираат според сличности

  3. Следење на искажувањата на учениците, поттикнување и насочување на дискусијата, водење забелешки

  Активности на учениците:

    Цртање на картите според барањата и групирање на учениците:

   1. Учениците го цртаат своето најдобро дручарче (ги покажуваат картите и пред таблата се групираат според тоа кој им е заеднички најдобар другар)

    2. Учениците  цртаат што најмногу им се допаѓа кај другарчето ( ги покажуваат и објаснуваат цртежите на картите)

    3. Вербална игра: колку го познавам моето најдобро другарче:

  •  кога има роденден
  •  што сака најмногу
  •  која песна му е омилена и сл.

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА (наставник, ученици) 

(завршен дел) - 5’

Илустрација и презентација – мојот најдобар другар

 
 
 

Наставен предмет:    Запознавање на околината 

 Дата: 28.11.2012

  Одд.   I  3

Наставна тема: Јас и другите

Наставна единица: Решавање на проблемски ситуации (Од играчка -плачка

Тип на часот:                                

 ОБ

 УВ

 УТ

 ПО

 СТ

 КО

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

образовни: учениците да научат да ги разликуваат правилните и неправилните постапки во однесувањето

 воспитни: развивање позитивни погледи и ставови кон училиштето, околината и домот; развивање чувство на почит кон правилата за однесување во училницата и училиштето

 функционални: учениците да учествуваат во донесување и почитување на правила за однесување во училницата и училиштето

 ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

 Наставни методи

 Наставни форми       

 Наст.-тех. средства

 ТР  

 ТМ 

ПР 

 ПБ

    ЛП  

    ДИ  

  ВТ  

 ФР

 ИН 

 ИНД

 ГФ

  РД

  ПС

   МС

  СФА

  НЛ

СФА: учебник, тетратка, прибор за пишување

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

(воведен дел) - 10 

- Дискусија: Кога може играта да премине во непријатна ситуација?                  

- истакнување на целта на часот 

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ 

 (главен дел) - 25’

 Активности на наставникот:

  1. Дискусија: Што мислам за правилни и неправилни постапки

 

  2. Следење на искажувањата на учениците, поттикнување и насочување на дискусијата, водење забелешки

Активности на учениците:

           Проблемски ситуации - драматизација и симулирање на настани од секојдневниот живот во училницата и решавање на истите со примена на правилата за однесување во училницата:

  • Другарчето ми ја зеде гумата без прашање
  • Другарчето ми ја ишкрта тетратката
  • Другарчето ми рече дека сум глупав
  • Другарчето ми го фрли моливот

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА (наставник, ученици) 

(завршен дел) - 5’

Илустрација: (Од играчка -плачка )