Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

НОЕМВРИ


  ОКТОМВРИ                                                                           ДЕКЕМВРИ >>

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:03.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Животот и работата во училиштето

Наставна единица:   Изработка на календар на празници кои ги одбележуваме во училиштето - дизајн

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да  ги повторат, систематизираат и прошират  стекнатите знаења за празниците кои ги прославува училиштето; нивната поделба на верски и државни; подготовките и начинот на кој тие празници се одбележуваат (приредби, украсување на просториите и тн.)

воспитни:   -развивање на толеранција и почит кон празниците од другите култури и верска исповед; создавање на хигиенски навики при работа со материјали , правилно и штедливо користење на материјалите за работа

функционални: -да создаваат и естетски креираат предмети со употреблива вредност; да ги воочуваат и идентификуваат празниците кои ги одбележува училиштето, да ги именуваат како верски и државни празници; активно да се вклучуваат во прославување и одбележување на истите

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- кои празници ги прославува училиштето - повторување

- истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

  1. Бура на идеи - што може да изработиме за да можеме да се информираме кој празник наближува, какво е неговото значење, кои се обележјата на тој празник и кога се прославува
  2. Работа во групи:        
  •  Изработка на календар на празници кои ги одбележуваме во училиштето (хамер):                 

         I група - изработка на датумите -запишување, боење на цифрите

         II група - запишување на значењето на празникот -запишување, боење на буквите

         III група - сечење на слики со одбележја на некои од празниците (Дедо Мраз, елка, велигденски, јајца)                                                                                                                  

  • лепење на подготвените материјали на хамер

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Календар на празници кои ги одбележуваме во училиштето

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Читање на празниците од изработениот хамер

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:04.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Животот и работата во училиштето

Наставна единица:    Работилница: да го организираме животот во училницата (претседател и помошници на одделенската заедница)

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за обврските на хигиеничарот и дежурниот ученик во одделението; да се запознаат со потребите за избор на претседател на паралелката со цел да се запази редот и хигиената во училницата

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност,  упорност, истрајност, доследност

                       -развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -да го воочуваат и почитуваат  куќниот ред во училиштето со што ќе станат уредни, редовни и одговорни ученици во својата паралелка и во училиштето

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кои се обврските на дежурните ученици и хигиеничарот во паралелката? - повторување

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

  Дискусија:

  • Како треба да се организира животот во паралелката - идентификување на групи за:
  1. Хигиеничари
  2. Ученици кои ќе се грижат за цвеќињата во училницата
  3. Ученици кои ќе се грижат за уредноста на кабинетот
  4. Ученици кои ќе предлагаат и организираат активности на учениците од паралелката
  • Кој ќе ја организира и следи работата на групите: - Избор на претседател на одделението и одредување на неговите обврски и задолженија

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Листи за евиденција на извршените задачи

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Назначување на претседател на паралелката

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:06.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Животот и работата во училиштето

Наставна единица:   Моето училиште- мојот втор дом - утврдување на темата

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за организацијата на работата и куќниот ред во училиштето, просториите и вработените во училиштето и правата и обврските на учениците

воспитни:     -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето, другарчињата; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

                       -развивање на културни навики на однесување - бон тон

функционални: -да го воочуваат и почитуваат  куќниот ред во училиштето со што ќе станат уредни, редовни и одговорни ученици во својата паралелка и во училиштето

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Лична карта на моето училиште(као се вика, каде се наоѓа)- разговор

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

            I  Говорна вежба (повторување - систем прашања и одговори):

  • објекти (стара, нова зграда, спортска сала)
  • генерации на ученици, смени, училници, паралелки
  • куќен ред во училиштето
  • училишен прибор
  • простории во училиштето
  • вработени во училиштето
  • празници кои ги прославува училиштето

           II наставно ливче

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори; наставно ливче

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Анализа на решените задачи од наставното ливче

 
 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:10.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Животот и работата во училиштето

Наставна единица:   Контролни прашања

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да  ги повторат, систематизираат и утврдат стекнатите знаења за наставната тема животот и работата во училиштето

воспитни: -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и училиштето; позитивни карактерни особини: одговорност,  упорност, истрајност, доследност

   -развивање на толеранција и почит кон соучениците и вработените во институцијата

функционални: -да се развијат во вредни и уредни ученици кои ќе се снаоѓаат во училишниот живот, каде ќе учат и ќе бидат поттикнати да ги применуваат стекнатите знаења

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- што се научивме за нашето училиште - набројување на наставните единици и емоционална подготовка за тест кој прв пат го изработуваме за овој наставен предмет

- истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

  1. Делење на тестовите
  2. Разгледување на задачите - разговор за начините на кои треба да се работи тестот
  3. Работа врз задачите на тестот со помош од наставникот доколку ученикот има потреба од тоа

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Контролни прашања

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Собирање на писмените задачи после што ќе следува анализа

 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:11.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Мојот дом

Наставна единица:  Мојот дом - запознавање со членовите во семејството

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со организацијата и функционирањето на семејството, да  стекнат знаења за членовите на семејството и нивната функција во домот,  и различноста на семјствата според членовите од кои се тие составени

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да ги воочуваат, идентификуваат  и почитуваат членовите на семејството и нивната функција во домот  и куќниот ред во домот и семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кој живее во мојот дом - разговор

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

                 I Организација на семејството:

  •  претставување со множество од страна на секој ученинк:

                             тато, мама, јас 

                             тато, мама, јас, бато

                             тато, мама, јас  бато, баба, дедо и тн.

                   II Дискусија:

  •  различност на семејствата

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Илустрација на членовите од семејството

 
 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:13.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Мојот дом

Наставна единица:   Работилница: Видови семејно живеење

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за различните видови семејно живеење, организацијата и функционирањето на семејството, да  стекнат знаења за членовите на семејството и нивната функција во домот,  и различноста на семјствата според членовите од кои се тие составени

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да воочуваат, идентификуваат  и почитуваат  различни видови семејно живеење, да ги идентификуваат членовите на семејството и нивната функција во домот  и куќниот ред во домот и семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кои се членови на моето семејство  - разговор                                                                     

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

                   I Активности во работилницата:

  • на шест купчиња се поставени контури на луѓе (1.татко, 2.мајка, 3. девојче,  4. момче, 5. дедо, 6. баба)
  • секој ученик зема од контурите кои одговараат на членовите на неговото семејство
  • контурите треба да се исцртаат и да се обојат
  • изработените фигури на членовите од семејството се лепат врз картон и се поставуваат во катчето за ЗО

           II Дискусија:

  • во што се разликуваат семејствата, какви семејства постојат и колку члени можат да бидат тие семејства

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Кои се членовите на моето семејство - именување на членовите од семејството кои се изработени на картонот

   

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:17.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Мојот дом

Наставна единица:  Обврските на членовите во семејството    

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со обврските кои ги имаат членовите на семејството, организацијата и функционирањето на животот во семејството, да  стекнат знаења за потребата од поделба на задолженијата и од меѓусебно помагање

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност

функционални: -да ја воочуваат  и идентификуваат потребата од поделба на задолженијата и од меѓусебно помагање меѓу членовите на семејството; да ги надминуваат родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП     ДИ      ВТ

ФР      ИН      ИНД      ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кој што работи дома  - разговор                                                                                                                                                                                        

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

    Работа во групи (илустрирање):

                I група - одржување на хигиена во домот (набројување на

                                активностите: миење, перење, метење, бришење и тн.)

                II група - подготвување на храна (купување намирници,

                                 приготвување)

                III група - обезбедување на материјални средства

                IV група - помагање на другите во извршување на задачи (учење,

                                  пишување  

  1. Дискусија:
  • како може да се поделат обврските во домот - учениците да ги надминуваат родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството                    

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Активности во работниот дел на учебникот стр. 18

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:18.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Мојот дом

Наставна единица:   Моите роднини

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со роднинските врски во поширокото семејство, организацијата и функционирањето на семејството врз основа на крвните врски помеѓу членовите на поширокото семејство

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност; да ги  почитуваат членовите на поширокото семејство

функционални: -да ги воочуваат и идентификуваат крвните врски помеѓу членовите на поширокото семејство: вујко, стрико, тетка, братучеди

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кои се моите роднини - разговор (предзнаења на учениците)

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

           I Организација на поширокото семејството:

                 - претставување со множество од страна на секој ученинк:

                    тато -  дедо, баба - чичко, стрина, братучеди – тетка, тетин, братучеди

                    мама -  дедо, баба - вујко, вујна, братучеди – тетка, тетин, братучеди

           II Дискусија:

  • кои од овие роднини ги има во моето пошироко семејство

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Илустрација на членовите од семејството

 
 

Предмет:      Запознавање на околината

Дата:20.11.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Мојот дом

Наставна единица:    Моето семејно стебло

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за роднинските врски во поширокото семејство, организацијата и функционирањето на семејството врз основа на крвните врски помеѓу членовите на поширокото семејство

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; позитивни карактерни особини: одговорност упорност, истрајност, доследност;  почит кон членовите на поширокото семејство

функционални: -да ги воочуваат и идентификуваат крвните врски помеѓу членовите на поширокото семејство: вујко, стрико, тетка, братучеди , да изработуваат семејно стебло на крвните врски во своето пошироко семејство

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни форми

Наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР   ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН       ИНД       ГФ      РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

- Кои се моите роднини - разговор

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

                     Изработка на семејно стебло на поширокото семејството врз основа на шематското претставување со множества од страна на секој ученик на минатиот час - учебник по македонски јазик стр. 128

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Претставување на моето семејно стебло - презентација од страна на секој ученик