Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

СЕПТЕМВРИ

Подготовки

 ОКТОМВРИ >> 

 
 

Предмет:       Општество

Дата:01.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:    Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:        Семеен живот

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги надградат знаењата за семејството како сродничка заедница; да ги согледуваат односите на членовите на семејството - потребата од почит, љубов и разбирање за да функционира едно семејство

воспитни:    -развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит и љубов кон членовите на своето семејство

функционални: -да ја воочуваат  и идентификуваат потребата од  почит, љубов, разбирање и меѓусебно помагање меѓу членовите на семејството; да ги именуваат видовите сродства во кругот на семејството и во однос на пошироката околина

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Кои се членовите на моето семејство, какви одговорности и обврски имаат тие? - говорна вежба
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

  1. Семејството како заедница на родители и деца
  2.  Видови на сродства:
  • крвното или природното сродство (најважен облик на сродство) по татко или мајка
  • сродство што се создава со склучување на брак;
  • сродство што настанува со посвојување и
  • духовно сродство (кумство, побратимство, сродство по млеко).

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Индивидуална работа: секој ученик наведува примери од горенаведените сродства ( кум, сват, побратим и тн.)

 
 

Предмет:       Општество

Дата:06.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:    Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:       Изработка на призма на семејството

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги прошират сознанијата за семејството како сродничка заедница; да  ги прошират стекнатите знаења за односите на членовите на семејството

воспитни:    - развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит и љубов кон членовите на своето семејство

функционални: -да ја воочуваат  и идентификуваат потребата од  почит, љубов, разбирање и меѓусебно помагање меѓу членовите на семејството; да ги именуваат видовите сродства во кругот на семејството и во однос на пошироката околина

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Да ги наброиме врските на нашето семејство со други семејства - говорна вежба
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

        Работа во групи:  врските на нашето семејство со други семејства

          I група -  крвното или природното сродство  по татко

          IIгрупа - крвното или природното сродство  по мајка

  1. Изработка на призма на семејството - колективна работа

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентација  на призмата на семејството - дискусија 

 
 

Предмет:       Општество

Дата:13.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:   Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:   Видови семејства (потесно, пошироко)

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со организацијата и функционирањето на семејството, да  стекнат знаења за членовите на семејството и нивната функција во домот,  и различноста на семјствата според членовите од кои се тие составени

воспитни:    - развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит и љубов кон членовите на своето семејство

функционални: -да ги воочуваат, идентификуваат и почитуваат членовите на потесното и поширокото семејство, да ја идентификуваат нивната функција во домот  и да го почитуваат куќниот ред во домот и семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Кои се членовите на моето семејство - разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

                   I Организација на семејството:

                 - претставување  на семејството на секој ученик со множество:

                              Потесно семејство                           Пошироко семејство                         

           II Дискусија: различност на семејствата

  • Потесно семејство се состои од двајца родители кои ги одгледуваат своите деца.
  • Пошироко семејство се неколку генерации од исто семејство кои што живеат заедно, делејќи ги одговорностите во него.
  • еднородителските семејства се семејства каде што децата живеат со еден родител

          1.       Временската лента (поим) - означување на годината на раѓањето на ученикот, годините на раѓање на родителите, браќа, сестри, најстарите членови од поширокото семејство. На празните линии се пишува името на личноста и годината на раѓање и се поврзува со соодветната година од лентата.

          2.       Изработка на временска лента :   

  • прв училишен ден                          
  • раѓање на ученикот              
  • раѓање на член од семејството (сестра, брат) итн.

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори, евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентација на временската лента - разговор за позначајните настани

 
 
 

Предмет:       Општество

Дата:22.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:   Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:    Семејството низ историјата и денес

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со развојот на семејствата низ историјата и како тие се менувале низ историјата; да се запознаат со организацијата и функционирањето на семејството во минатото; да  стекнат знаења за членовите на семејството и нивната функција во домот

воспитни:    - развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит кон историското наследство и традициите во семејната заедница

функционални: -да го воочуваат и идентификуваат развојот на семејствата низ историјата; да ги именуваат видовите семејства во минатото; да  ги идентификуваат одговорностите на членовите на семејството и нивната функција во домот во минатото

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Кои се членовите на моето семејство, кои се нивните одговорности - разговор
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

            I Видови семејства низ историјата:

1.       Матријархални семејства - главна улога во праисториското семејство ја имала жената,мајката се грижела за потомството и носела важни одлуки за семејството.

2.       Патријархални семејства - со текот на времето улогата на таткото станала сé позначајна

         II Основната поделба на семејства денес:

  • традиционално (патријархално) семејство и
  • современо (демократско) семејство - облик во кој сите негови членови се рамноправни (еднакви).                    

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори, евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија: дали според односите и одговорностите во моето семејство тоа е современо (демократско) семејство

 

Предмет:       Општество

Дата:27.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:   Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:  Истражувачка активност

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за развојот на семејствата низ историјата; организацијата и функционирањето на семејството во минатото; функцијата на членовите од семејството во домот

воспитни:    - развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит кон историското наследство и традициите во семејната заедница

функционални: -да го воочуваат и идентификуваат развојот на семејствата низ историјата; да ги именуваат видовите семејства во минатото; да  ги идентификуваат одговорностите на членовите на семејството и нивната функција во домот во минатото

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

видови настава

наставни методи

наставни  форми

наставно-тех.средства

 ТР   ТМ   ПР  ПБ

ЛП       ДИ      ВТ

ФР      ИН     ИНД     ГФ     РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Видови семејства низ историјата, кои се нивните одговорности - повторување
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

            I Интерпретација на извадок од драмата ,,Чорбаџи Теодос,, од Васил Иљоски

1.       Разговор за прочитаниот извадок

  • кој ја има главната улога во семејството на чорбаџи Теодос
  • кои секарактеристиките на Теодос - мажот
  • кои секарактеристиките на Кева - жената

2.       Претставување на карактеристиките на Теодос и Кева со венов дијаграм

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори, евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Дискусија: Што кажува Веновиот дијаграм:  Дали според односите и одговорностите во нивното семејство тоа е современо (демократско) семејство?  Во какво семејство живеат тие?

 
 

Предмет:       Општество

Дата:29.09.2010

Одд:  IV 3        

Наставна тема:   Семејство, домаќинство и општество

Наставна единица:     Венов дијаграм (пополнување)

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да ги повторат, систематизираат и прошират  стекнатите знаења за организацијата и функционирањето на семејството во современото живеење; да ги прошируваат сознанијата за семејството како сродничка заедница

воспитни:    -  развивање на позитивни погледи и ставови кон околината и домот; чувство на припадност кон домот и семејството; развивање чувство на почит и љубов кон членовите на своето семејство

функционални: -да ги воочуваат, идентификуваат и почитуваат членовите на потесното и поширокото семејство, да ја идентификуваат нивната функција во домот; да ги надминуваат родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови

Настава

Наставни

методи

Наставни

форми

Наставно-

тех.средства

 ТР        ТМ         ПР       ПБ

ЛП       ДИ        ВТ

ФР        ИН       ИНД       ГФ       РД

ПС       КС       TV      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

  1. Во какво семејство живеат Теодос и Кева, кој ја има главната улога во семејството  - повторување за патријархално семејство
  2. Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1.   Какви се односите во моето семејство - Венов дијаграм (пополнување)                 

                                       обврски на децата во домот

 обврски на                                                                          обврски на

 таткото во                                                                            мајката во   

 домот                                                                                    домот                                

                                        заеднички обврски                                                   

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем на прашања и одговори, евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентација на веновиот дијаграм - разговор за обврските во домот