Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

ОКТОМВРИ

Подготовки                                                                              Ноември >>

 
 

Наставен предмет:   Музичко образование

 Дата: 10.10.2012

  Одд.   I  3

Наставна тема: Музика и движење

Наставна единица: Музика и движење: играње и пеење “Македонско девојче”

Тип на часот:                                

 ОБ

 УВ

 УТ

 ПО

 СТ

 КО


ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

образовни: учениците да се запознаат со чекорите на македонското народно оро; да се поттикнат да ги усогласат своите движења со слушаната музика;

 воспитни кај учениците да се создадат позитивни карактерни особини: упорност, истрајност, доследност, одважност; развивање и јакнење на вољата, дисциплината; чувство на љубов кон македонската народна песна како наше културно наследство

 функционални: учениците да совладаат основни чекори и движења по ритамот на дадена песна; истите да ги изведуваат со подобрена координација со придружба на песна и музика

 ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

 Наставни методи

 Наставни форми       

 Наст.-тех. средства

 ТР  

 ТМ 

ПР 

 ПБ

    ЛП  

    ДИ  

  ВТ  

 ФР

 ИН 

 ИНД

 ГФ

  РД

  ПС

   МС

  СФА

  НЛ

ПС:лап топ компјутер

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

(воведен дел) - 5’ 

- Дискусија: Кои песни се пеат при одбележување на празниците?

- истакнување на целта на часот 

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ 

 (главен дел) - 30’

 Активности на наставникот:

1. Интерпретација на песната (компјутер)

 - дискусија: поттикнување на учениците да ги споделат своите чувства со своите другарчиња за слушаната песна

2. Демонстрација на чекорите за народното оро

3. Играње и пеење “Македонско девојче”

4. Следење на активностите, поттикнување и насочување на учениците за следење на ритамот на музиката

5. Водење забелешки

 Активности на учениците:

  1. Слушање на народната песна “Македонско девојче”

   - дискусија: какви чувства поттикна слушањето на песната

   - како се игра ова народно оро

  2. Поставување во формација круг

  3. Запознавање со чекорите на народното оро

  4. Играње и пеење “Македонско девојче”

 

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА (наставник, ученици) 

(завршен дел) - 5’

Играње и пеење “Македонско девојче” - по групи и колективно