Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

ДЕКЕМВРИ

Подготовки

<< НОЕМВРИ

 
 

Предмет:      Ликовно образование

Дата:04.12.2008

Одд:  II в        

Наставна тема:  Обликување во просторот, моделирање и градење

Наставна единица:   Композиција на предмети во  просториите од домот - пластелин

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

Образовни: - учениците да се запознаат со ликовните карактеристики на формите, да ја набљудуваат и истражуваат околината и да ги забележуваат ликовните елементи и карактеристики на објектите и предметите во домот

воспитни: - создавање на хигиенски навики при работа со ликовните материјали , правилно и штедливо користење на материјалите за работа

   -развивање на чувство на припадност кон домот и семејството

функционални: -да создаваат и естетски креираат макети на предмети од домот; да ги воочуваат геометриските форми од кои се создадени објектите и истите да ги репродуцираат

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни  форми

Наставно-тех.средства

 ТР  ТМ  ПР  ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН      ИНД      ГФ      РД

ПС      КС     ТВ      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

кој мебел е карактеристичен за одредена просторија во домот - корелација со ЗО

истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

Работа во групи (пластелин):

       I група - мебел за уредување на собата за дневен престој

       II група - мебел за уредување на кујна

       III група - мебел за уредување на детска соба

       IV група - мебел за уредување на спална соба

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Следење на активноста на учениците - евидентен лист

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Поставување на изработените творби, во одредената просторија, по групи во изработена макета од куќичка

 
 

Предмет:           Ликовно образование

Дата:11.12.2008

Одд:  IIв        

Наставна тема: Цртање

Наставна единица:  Видови линии во ликовните дела на познатите светски сликари - презентација

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

образовни: учениците да стекнат знаења за линијата како контурна линија, да ја разликуваат според дебелина, правец, интензитет; да се запознаат со карактерот на  линијата во некои од делата на познатите светски мајстори

воспитни: создавање интерес за делата на светслите ликовни уметници; создавање на култура за следење, доживување и естетско проценување на ликовно дело

функционални: кај учениците да се развие осетливост за доживување и перцепција на линијата; учениците да истражуваат, воочуваат и идентификуваат текстурни линии; да го определуваат карактерот на  линијата во делата на познатите светски мајстори

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни  форми

Наставно-тех.средства

 ТР  ТМ  ПР  ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН      ИНД      ГФ      РД

ПС      КС     ТВ      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

Какви линии среќаваме во природата - насочен разговор

Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1. PowerPoint презентација (LCD, лап топ):

                -15 дела од познати светски уметници (Леонардо да Винчи, Ван Гог, Пабло Пикасо идр.) забележување на контурна линија и карактер на линијата

           -разговор за секое дело преку прашања и одговори при што учениците ги искажуваат впечатоците, воочуваат и именуваат линии и се запознаваат со карактерот на линијата

2. Следење на презентацијата повторно со цел да се утврдат стекнатите знаења

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Систем од прашања и одговори

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Што научивме за линијата - исцртување на линии различни по карактер според барање (нацртајте тенка долга линија, дебела кратка и сл.)

 
 

Предмет:           Ликовно образование

Дата:18.12.2008

Одд:  IIв        

Наставна тема: Цртање

Наставна единица:  Цртање - ритам на линии - новогодишни украси

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

образовни: учениците да ги повторат, систематизираат и прошират стекнатите знаења за контурната линија и карактерот на линијата: дебелина, правец, интензитет;

воспитни: создавање на хигиенски навики при работа со ликовните материјали , правилно и штедливо користење на материјалите за работа; создавање интерес за доживување и естетско проценување на ликовно дело

функционални: кај учениците да се развие осетливост за доживување и перцепција на линијата; учениците да истражуваат, воочуваат и идентификуваат контурни линии; при ликовното изразување да употребуваат линии различни по карактер

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни  форми

Наставно-тех.средства

 ТР  ТМ  ПР  ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН      ИНД      ГФ      РД

ПС      КС     ТВ      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

-Какви линии имаа употребено уметниците во своите дела - повторување на стекнатите знаења од презентацијата на минатиот час

- Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

I  Истакнување на мотивот - новогодишни украси

                1. какви линии ќе употребиме за да го изработиме цртежот:

                               - ритам  на  форми и линии

                               - контурна линија (круг - лампиони; правоаголник - подароци,

                                 триаголник - новогодишна капа)

                               - линии различни според карактер и интензитет - тенки,

                                 дебели, криви, прави

II Самостојна работа на учениците                              

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Лична презентација и анализа на изработените творби, проценка на изработените творби  - какви линии употребив во својот цртеж

 
 

Предмет:           Ликовно образование

Дата:25.12.2008

Одд:  IIв        

Наставна тема:  Сликање

Наставна единица: Новогодишна ноќ - контраст светло - темно

Тип на часот:

ОБ

УВ

УТ

ПО

СТ

КО

Цели и задачи:

образовни:  учениците да се запознаат со контраста на боите: светло - темно, да се запознаат со контраста како карактеристика на боите во природата и да ја применуваат во ликовното изразување

воспитни: создавање на хигиенски навики при работа со ликовните материјали , правилно и штедливо користење на материјалите за работа

функционални: да ја  воочуваат, идентификуваат и разликуваат контраста на боите како светло - темно; да го применуваат контрастот при ликовното изразување; да експериментираат и компонираат со ликовните материјали

ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Видови настава

Наставни методи

Наставни  форми

Наставно-тех.средства

 ТР  ТМ  ПР  ПБ

ЛП      ДИ      ВТ

ФР     ИН      ИНД      ГФ      РД

ПС      КС     ТВ      НЛ

ПОДГОТОВКИ НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

( воведен дел )

Како ја замислуваме Новогодишната ноќ во нашиот град; како изгледа навечер осветлената чаршија и плоштадот во Охрид - насочен разговор

 Истакнување на целта на часот

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

( главен дел )

1. Што е темно (небо), а што светло(светилки, украси и сијалички, осветлени прозорци)?

                -истакнување на мотивот

2. Самостојна работа на учениците:

                 - композиција

                 - самостојна работа

СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Воочување на разлики меѓу светло - темно; евидентна листа

КОНСТАТАЦИИ, ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА(наставник,ученици)

( завршен дел )

Презентација и анализа на собраните слики, проценка-лична и од другарчињата