29.8.2023г.
Потребен прибор за II одделение
ДРАГИ УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ!
Листата со приборот кој треба учениците да го имаат може да ја испечатите тука
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
Македонски јазик: 5 тетратки за почетно пишување и големата тетратка по македонски јазик од минатата учебна година. Тетратките потпишете ги, а три од нив ученикот ќе донесе и чува во шкафчето во кабинетот. Како тетратка за диктат ќе ја користиме онаа од претходната учебна година што е во училница. (дополнувате нова штом учениците ја завршат со пишување онаа која веќе ја употребуваат).
Математика: малата тетратка со квадратчиња (може и со тврда корица) и малата тетратка без линии од претходната учебна година. Математички семафор, комплет линијари (2 триаголници, линијар и агломер - секој од линијарите и футролата означете ги со маркер или лак за нокти со иницијалите од ученикот или знак препознатлив за него)
Општество: Голема тетратка А4 формат со квадратчиња. (не со правоаголници - системот од линии со квадратчиња е соодветен и сличен на системот за пишување од тетратките за почетно пишување)
Природни науки: - Голема тетратка А4 формат со квадратчиња; (не со правоаголници)
Футрола за прибор со комплет дрвени бои и фломастери, 2 моливи – НВ, гума, острилка, ножички, лепак - стик и салотејп;
Музичко образование: мала тетратка со квадратчиња;
Ликовно образование: - 2 блока за цртање број 2 (не за скицирање), дрвени боички, водени боички, темперни бои, 2 четки една широка (сплосната) и една тенка и чашка за вода, пастелни бои, самолеплива хартија во боја, пластелин и подлога (табличка). Земете голема кутија од чевли (може да ја употребите и кутијата од претходната учебна година), украсете ја со украсна хартија и ставете го приборот по ликовно образование во неа. Направете список со материјалите кои се во кутијата и залепете го на капакот на внатрешната страна од кутијата. Кутијата ќе стои во шкафчето од ученикот. Подлогата за работа која се поставува на клупата ако е пластифицирана не може да стои во кутијата, таа ќе стои во шкафчето; кутијата со прибор учениците ќе ја донесат во училиште на 4 септември (понеделник).
Препорака: Потпишете го секое парче од приборот - залепете налепници, залепете лентички, употребете маркер или лак за нокти - во зависност што треба да означите. Ако користите лак за нокти - земете специфична боја која ученикот лесно ќе ја препознае како своја за да може лесно да го препознае приборот кој е негов. Употребете од приборот се што е употребливо од претходнта учебна година, а исто така и од тетратките со цел да се направи целина во работата во тетратките. Учениците активно вклучете ги во процесот на подготовката на приборот и материјалите за да може понатаму самостојно да се подготвуваат за во училиште.