logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

летен распуст

30.8.2022

УПАТСТВО И РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НАСТАВА

1 Септември – свечен прием на првачињата

Од 2 до 9 септември –втора смена, од 13:30 до 14:10.

Учениците доаѓаат во училиштето десет минути пред започнување на часовите (13:20 - втора смена). Родителите ги оставаат учениците пред влезот кој е означен за паралелката на која припаѓа ученикот и ученикот сам влегува во училницата. Учителката ќе биде тука да ги прифати учениците. На крај од наставниот ден, секој родител го зема своето дете пред соодветниот влез, предадено од учителката.

За поефективна обработка на податоците, дадениот анкетен лист и согласноста за снимање, родителите да ги пополнат и да ги пратат по учениците на 2 септември. (Ве молиме да се запази терминот)

Влез за учениците од паралелката I 3

На првиот училиштен час

учениците ќе ги добијат следните материјали:

    - Листа со податоци за родителите

    - Распоред на часови

    - Училиштен прибор и материјали

    - Согласност за снимање

Архива

8.2022

ДРАГИ ПРВАЧИЊА!

     Сите заедно одбројуваме до првиот училиштен час! Учете и забавувајте се, Ви порачуваат Тамара Целакоска и Андреј Симиџиоски и Ви посакуваат среќен почеток на Вашето основно образование.

Архива

8.2022

ДРАГИ ПРВАЧИЊА!

     Сите заедно одбројуваме до првиот училиштен час! Со искрени пораки Ана Коцарева и Јана Шешоска Ви посакуваат среќен почеток на учебната година и успешен почеток на Вашето основно образование.

  

Архива

20.8.2022

Драги ученици!

     Изминуваат последните денови и од овој летен распуст! Се надевам дека добро се одморивте и дека спремни ќе се исправите пред новиот предизвик и Вашето ново поглавје од основното образование. На први септември започнувате во шесто одделение, во попладневната смена.

     Ве поканувам сите, доколку имате желба да дојдете и во претпладневната смена, за заедно свечено да ги пречекаме првачињата. За подобро да се организираме ќе ве известам да дојдете и ден - два пред тоа.

     Доколку сакате, може да снимите и поздравно видео за новите првачиња кое ќе биде објавено на страницата, веднаш штом го испратите. Ви благодарам однапред за соработката!

Архива

30.8.2021

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ДРАГИ УЧЕНИЦИ!!!

Среда, попладне - прв училишен ден во траење од 1 училишен час (40 минути). На првиот час, учениците ќе добијат напатствија како ќе се одвива наставата според мерките и протоколите кои треба да се почитуваат. Учениците доаѓаат во училишниот двор и влегуваат во училницата од влез 3 (во периодот кој е означен подолу) откако ќе им биде измерена температура. Секој ученик ќе седне на местото кое е означено со број според бројот во дневникот. Учениците да носат училишен ранец во кој ќе можат да ги земат книгите од училиште. Четврток и петок по 4 наставни часа. Од понеделник почнуваме со редовен распоред.

V3 ОДДЕЛЕНИЕ - ВЛЕЗ 3

ПРВА СМЕНА (влегување во училница) 7:15 – 7:30

ВТОРА СМЕНА (влегување во училница) 13:15 – 13.30

Архива

25.8.2020

Кои лектири за IV одделение ги прочитавме ова лето?

Да го вежбаме изразното читање!

Овие неколку денови пред почетокот на новата учебна година, да ги освежиме нашите вештини за читање.

Изберете извадок од лектирата „Итар Пејо“ од Стале Попов и снимете кратко видео (максимум до 3 минути) во кое изразно го читате извадокот. Видеото испратете го до нашата фејсбук фан страница.

Видеата ќе бидат објавувани според редоследот по кој пристигнуваат во сандачето.

Архива

31.8.2018г.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

на сите ученици, родители и наставници!!!

Учениците од II 3 одделение новата учебна година ќе ја започнат во двете смени и тоа:

I смена - во 8:00 часот со учество на свечената приредба по повод приемот на првачињата во нашето училиште, за што е потребно да дојдат во училишниот двор облечени со маиците за кореографијата на песната „Обои ме“ и 

II смена - во 14:00 часот на официјалниот час со кој ќе го одбележиме почетокот на новата учебна година (во траење од 1 училишен час од 40 минути)

Архива