Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

 

НАСТАВЕН ЧАС ЗА ПОРТФОЛИО

,,ВОЛШЕБНАТА ФОТЕЛЈА,,

 

Мини сликовницата за часот може да се види овде

Сликите од одржаниот час може да се видат во фотогалеријата

 

за наставници

 

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделенски наставник: Славица Мојсоска

ОУ “Григор Прличев“ - Охрид

Тема: ЧИТАЊЕ, ЛИТЕРАТУРА И ЛЕКТИРА

Дата:

 

Одделение:

III

Предмет

Содржина и тип на час

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

“Волшебната фотелја“ – обработка на електронска сликовница – блок часови

ЦЕЛИ:

Запознавање и доживување на содржината на сликовницата

ИСХОДИ:

Учениците да дискутираат за содржината на сликовницата

Да се поттикнува интересот за читање на сликовници и други литературни дела

Диференцирани цели:

Да се оспособат да одговараат на прашања и да поставуваат прашања во врска со содржината на текстот

Диференцирани исходи:

Да ги именуваат ликовите и да го воочуваат редоследот на настани во сликовницата

Да ги набројуваат планетите од сончевиот систем

Наставни техники по македонски јазик:

Наставникот чита на глас, Водена фантазија, Бура на идеи

Наставни форми:

Фронтална, индивидуална

Наставни методи и техники:

- Вербални методи: монолошки, дијалошки

- Демонстративен метод

- Операциски методи:Метод на практична работа и употреба на манипулативи, Метод на работа со компјутерска технологија

Наставни средства и помагала:

Компјутер, LCD проектор, платно за проектирање, хамери, стикери, фломастери, мини сликовница – работен лист

Место на реализација:

Училница (Прилог 4 – изглед на училница)

Планирање на оценувањето:

- формативно оценување - се оценува компонентата од читањето - разбирање

Методи и техники на оценувањето: поставување прашања, набљудување на работата на учениците од страна на наставникот

Стратегии за оценување: усна презентација, работен лист (мини сликовница) - пополни ги празните места.

Повратна информација: усни одговори, правилно пополнета мини сликовница

Инструменти за следење: листа за бодување

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

 

- ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ:

Насочен разговор:

- Кога ќе споменеме сликовница – кои се очекувањата на учениците?!

- Со учениците се дискутира што кај сликовниците би ја разбудило нивната љубопитност: наслов, илустрации, форма (мини, џиновска сликовница, со интересна несекојдневна форма), хартиена, електронска . . .

- Се истакнува дека на часот учениците ќе се запознаат со содржината на една нова електронска сликовница (ако учениците прв пат се среќаваат со ваков формат – наставникот малку повеќе ќе посвети внимание на поимот електронска сликовница).

- УЧЕНИЧКО ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ:

  1. Прво читање на сликовницата

Наставникот ја чита содржината од третата и четвртата страна од сликовницата (без да го каже насловот):

- Анализа на содржината по систем прашања – одговори (Каде оди да спие Иван? Во што гледа низ прозорецот на својата соба? Што посакува?)

Техника “Водена фантазија“:

- Наставникот бара учениците да ги затворат очите, да замислат дека се крај прозорецот од својата детска соба, да погледнат низ него . . . и да мечтаат;

- За тоа време наставникот на учениците им дели стикери (потсетници);

- Секој ученик треба да ја запише својата мечта на потсетникот и да ја залепи на хамер поставен на ѕидот во училницата.

Наставникот ја чита содржината од петтата и шестата страница од сликовницата

- Се бараат предлози за насловот на сликовницата;

- Наставникот ги поставува мини сликовниците (работен лист изработен во форма на мини сликовница) врз клупите кои се поставени во средина на училницата и им нуди на учениците секој да си земе по една за себе;

- Учениците ја отвораат мини сликовницата (препознавање на Иван и волшебната фотелја);

- Наставникот ја покажува насловната страна од електронската сликовница.

Наставникот ја чита сликовницата:

- После секоја прочитана страна од наставникот учениците го дополнуваат текстот во својата мини сликовница со името на планетата, а еден ученик избран од наставникот го чита текстот кој волшебната фотелја бара од Иван да го запише во нотесот.

  1. Второ читање на сликовницата

Учениците читаат по една страна од електронската сликовница:

- Од учениците бараме да ја затворат мини сликовницата и да ја остават пред себе;

- Прашуваме што треба да се направи на корицата од сликовницата - учениците одговараат дека таму треба да се напишат сите планети од сончевиот систем;

- Наставникот предлага тоа заеднички да го направиме сите читајќи ја уште еднаш електронската сликовница;

- По еден ученик чита една страница доаѓајќи пред компјутерот или од платното каде се прожектира сликовницата;

- Учениците кои читаат од 7 до 15 страница, откако ќе го прочитаат текстот, одат кај хамерот поставен на клупите во централниот дел од училницата, од поставените слики на планетите ја избираат планетата за која читале во сликовницата и ја лепат на соодветното место во сончевиот систем;

- Истите или други ученици може да ги обојат планетите на хамерот, да запишат која од нив како се вика и сл.

  1. Кој за што мечтае:

- Kој има слични мечти со Иван? – наставникот ги чита налепниците на кои учениците ги искажаа своите мечти на почетокот на часот. Учениците се обидуваат да погодат која мечта од кој ученик е (колку меѓусебно се познаваме).

Налепниците се прегрупираат на хамерот:

1. Ученици чии мечти се исти со оние од Иван;

2. Ученици чии мечти се блиски до оние од Иван;

3. Ученици чии мечти се различни со мечтите од Иван.

Домашна задача: да се обои мини сликовницата

- ЕВАЛВАЦИОНИ АКТИВНОСТИ:

- наставникот ја прелистува електронската сликовница а учениците ги именуваат планетите од сончевиот систем

РЕФЛЕКСИЈА –

Дискусија:

- Што правевме?

- Дали ни се допадна електронската сликовница?

- Дали би сакале да прочитаме и некоја друга електронска сликовница?

- На што не поттикнува оваа сликовница (творечки идеи – создавање, креирање сликовница)?

(Прилог 3 - на листот учениците запишуваат по една мисла или идеа на која ги поттикнала електронската сликовница)

  
  1. Прилог 2 - планети за хамер
  2. Прилог 3 - рефлексија
  3. Прилог 4  - изглед на училница
  4. Оценување