Почетна | Фото галерија | Видео галерија | Календар за работа | Архива | Кенгур |
НАСТАВЕН ЧАС ЗА ПОРТФОЛИО ,,ЕСЕНСКА СЛИКОВНИЦА,,
работниот лист за часот може да се види овде
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Записник бр. 1 од одржаниот состанок на членовите од Активот на I одделение при ОУ ,,Григор Прличев,, - Охрид на 23.11.2012 г. со следниот
Д н е в е н р е д
1. Изработка на есенска сликовница - планирање на наставен час:
На состанокот, членовите на активот постапно ги разгледаа сите горенаведени етапи од планирањето на часот: 1. Разгледан беше Наставниот план и програма за прво одделение и беа утврдени целите и задачите кои треба да се реализираат со овој наставен час. Членовите на тимот заклучија дека: 1) Есенската сликовница треба да биде заокружување на се она што во минатиот период беше работено за есента 2) Опфатени треба да бидат: промените во природата, есенските плодови (овошје и зеленчук), приготвувањето зимници, преселните птици, животните кои се подготвуваат за зима. 3) Беа дефинирани целите со што можноста да се изостави некој сегмент од разработката на наставниот материјал е помала. 4) Целите се конкретизираа и прецизираа со што истите не дозволуваат расплинување на наставникот при организацијата на активностите на часот 5) Целите кои треба да се реализираат се соодветни за возраста на генерацијата ученици од I одделение и истите ќе бидат целосно реализирани за време на наставниот час.
2. Членовите на тимот избраа комбинацијата на методи и форми која е интересна и дава динамика при реализацијата на наставната содржина, со што ќе ги направи активностите интересни за учениците и со тоа ќе бидат остварени целите на часот. 3. Изборот на ученици од кои ќе бидат составени групите се изврши според вештините и способностите на учениците за манипулирање со приборот и ликовно изразување: Хетерогеноста на групите овозможува поголема можност и со поголем успех, во активностите да се вклучат и уениците кои се помалку вешти што ќе биде резултат на меѓусебната соработка и помагање помеѓу членовите на групите. 4. Беа утврдени и активностите преку кои ќе се реализира наставната единица; 1) Воведен дел: Читање текст за есен и дискусија за карактеристиките на есента како сублимирање на знаењата на учениците кои ги стекнале во изминатиот период; Тимот зклучи дека на овој начин учениците ќе бидат поттикнати и мотивирани за работа, а при тоа ќе се направи поврзување со претходно изучениот материјал од наставните предмети: македонски јазик, запознавање на околината, ликовно и музичко образование. 2) Главен дел: Работа во групи врз претходно изработени модели на страници со поставени барања и модели за работа:
3) Завршен дел: Составување на листовите во книга – сликовница. Читање и разгледување на сликовницата. Дискусија за успешноста со која е изработена сликовницата. Тимот зклучи дека на овој начин ќе се добијат повратни информации со кои ќе се има увид во успехот со кој учениците ја совладале наставната содржина и ќе може да се планираат понатамошни активности за подобрување на аспектите на настава и учење . 5. Начин на оценување на учениците: Како начин на кој ќе се изврши оценувањето на учениците со планирањето е предвидено писмено следење и бележење на:
Со листата за оценување на учениците од страна на наставникот, која опфаќа група на пет ученици кои ќе бидат следени, се дава слика на развојот на учениците во континуитет со претходните постигања и знаењата кои понатаму треба да се стекнат.
На крајот од состанокот беше заклучено дака во планирањето на часот се опфатени сите сегменти на современата наставна технологија и истиот може во целост успешно да се реализира.
Членови на Активот на I одделение: xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ xxxxxxx xxxxxxxx _________________ xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Записник бр. 2
од одржаниот состанок на членовите од Активот на I одделение при ОУ ,,Григор Прличев,, - Охрид на 30.12.2012 г. со следниот
Д н е в е н р е д
1. Aнализа на успешноста на одржаниот наставен час од страна на наставникот. 2. Согледувања и идеи кои би можеле да ја подобрат реализацијата на наставниот час
Членовите на тимот генерално се согласија со општата анализа за успешноста на часот кој претходно беше реализиран: § Целите на часот беа остварени во согласност со направеното планирање:
По втората точка членовите на тимот истакнаа свои коментари согледувања и идеи кои би можеле да ја подобрат реализацијата на наставниот час
На крајот од состанокот беше заклучено дeка часот беше успешно реализиран.
Членови на Активот на I одделение: xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ xxxxxxx xxxxxxxx _________________ xxxxxxx xxxxxxxx ____________________ |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|