Од нашата училница

Почетна Фото галерија Видео галерија Календар за работа Архива Кенгур

 

   

 

Кратко потсетување на техниките од јазична писменост - читање со разбирање

од прирачникот за јазична писменост

 

Почетно читање и пишување

Техники и игри: ,,Тематско бинго,,  , ,,Вокабулар во четири агли,,

 

Јазик

Техники и игри: ,,Редење,,  , ,,Шуш, шуш,,  ,  ,,Игра со плескање,,  ,   ,,Штрак,,  ,  ,,Тематско бинго,,  , ,,Вокабулар во четири агли,,

 

Изразување и творење

Техники и игри: ,,Карти на приказната,, ,,Прошетка низ галеријата,, ,,Книга на одделението,, ,,Дневник со двојни белешки,, ,,Ѕвезда на приказната,,

 

Читање, литература и лектира

Техники и игри: ,,Наставникот чита на глас,,  ,   ,,Ленти со реченици,,  ,  ,,Сложувалка,,

 

Медиумска култура

Техники и игри: создавање одделенска библиотека

 

 

Игра ,,Редење,,

цел: да се осознаат разни начини за меѓусебно запознавање

  • учениците застануваат во ред според првата буква од нивното име
  • учениците застануваат во ред според првата буква од нивното презиме
  • редење во ред според првата буква од името на мајка им, татко им и според нивниот роденден

 

Игра со римување ,,Шуш, шуш,,  
  • чекор 1 - наставникот кажува дека на часот ќе рецитираме песничка со рима
  • чекор 2 - ги рецитира стиховите охрабрувајќи ги учениците да се придружат

(Шуш, шуш! Нешто во шума шушка.

Шуш, шуш! Лист со лист се гушка!

Шуш, шуш! Се ронат од гранки.

Шуш, шуш! Ќе паднат врз дланки.)

  • чекор 3 - повикајте ги учениците да се забавуваат со тоа што наредното рецитирање се заменува првата буква од секој збор во текстот на песничката со ист глас (пример б)

(Буш, буш! Бешто бо бума бушка.

Буш, буш! Бист бо бист бе бушка!

Буш, буш! Бе бонат бд бранки.

Буш, буш! Бе баднат брз бланки.)

  • чекор 4 - повторувајте ја постапката и дајте им можност на учениците да предложат гласови
  • (забелешка: играта може да се повторува кај секое изучување на песничка како игра во завршниот дел на часот со избор на стихови од песната кои се римуваат)

 

Чекори на играта со плескање

  • чекор 1 - наставникот им кажува на учениците дека ќе играат игра во која треба да плеснат со рацете кога ќе ги слушнат деловите од зборот
  • чекор 2 - наставникот бара да го следат учениците додека изговара збор кој се состои од три дела (пр. Телефон), го изговара зборот со нагласена сегментација и ги брои слоговите покажувајќи со прстите од раката (покажува за секој слог по еден прст)
  • чекор 3 - ги повикува учениците заедно да го кажат зборот при што ќе плескаат со рацете за секој кажан слог
  • чекор 4 - продолжете со играта со делење на слогови на имињата од учениците ( секогаш прво наставникот ги брои слоговите на прсти, а потоа целото одделение ги кажува имињата со плескање на рацете за секој слог)
  • чекор 5 - изборот на зборови може да го прави наставникот или учениците
  • чекор 6 - на крајот од играта наставникот кажува дека зборовите се делат на слогови и сите заедно плескаат со рацете додека го изговараат зборот ,,слогови,,

 

Чекори на играта ,,Штрак,,

играта им помага на учениците да ги одредат заедничките гласови на почетокот, средината и на крајот од зборовите

  • наставникот кажува два збора, ако зборовите имаат заеднички гласови, учениците ќе кажат ,,штрак,, и ќе штракнат со прстите:

пример:

наставникот вели ,,еж и елка,, - учениците велат ,,штрак,, и ќе штракнат со прстите

наставникот вели ,,ден и ноќ,, - учениците молчат

наставникот вели ,,пчела и оса,, - учениците велат ,,штрак,, и ќе штракнат со прстите за завршниот глас

наставникот вели ,,еж и елка,, - учениците велат ,,штрак,, и ќе штракнат со прстите за средниот глас

 

Чекори за  ,,Тематско бинго,,
  • чекор 1 - напишете 20 збора од вокабуларот на една учена приказна или текст (или зборови по избор: глаголи, именки и сл.) и ставете ги во една вреќичка (капа, кутија)
  • чекор 2 - покажете ги зборовите на табла, напишани на хартија или запишете ги на таблата
  • чекор 3 - поделете им листови на учениците на кои е нацртана табела со 4 колони и 4 реда или побарајте од нив сами да ја нацртаат
  • чекор 4 - побарајте од учениците во табелата да препишат 16 зборови од таблата по нивни избор
  • чекор 5 - дајте му на секој од учениците мали ливчиња хартија или капачиња од шише со кои ќе ги покриваат зборовите напишани во табелата
  • чекор 6 - објаснете им на учениците дека целта на играта е да покријат вертикална, хоризонтална или дијагонална линија на табелата
  • чекор 7 - извлечете збор од вреќичката и прочитајте им го на учениците
  • чекор 8 - кажете им на учениците доколку прочитаниот збор го имаат во табелата да го покријат со ливче хартија или капаче
  • чекор 9 - продолжете со извлекување и читање зборови додека некој од учениците не направи линија и не викне ,,бинго,,
  • ревидирајте ги зборовите во линијата

 

Чекори за  ,,Вокабуларот во четири агли,,

техниката може да се користи за објаснување на новите зборови во текст или да се направи за избор на зборови од наставникот или учениците

  • чекор 1 - кажете им на учениците дека ќе направите карта што ќе им помогне да го научат новиот збор
  • чекор 2 - побарајте од учениците да земат лист хартија, да го превиткаат на половина, а потоа уште еднаш на половина при што кога ќе го отворат листот ќе добијат четири квадрати ( може и да ја нацртаат табелата во тетратката)
  • чекор 3 - запишете го зборот на табла и побарајте учениците да го препишат истиот збор во квадратот горе лево на листот
  • чекор 4 - нека ја препишат учениците реченицата од текстот во која се наоѓа зборот - горе десно во квадратот
  • чекор 5 - во квадратот долу лево нека напишат оригинална реченица во која ќе го употребат новиот збор
  • чекор 6 - да нацртаат слика на зборот во квадратот долу десно
  • чекор 7 - кога ќе завршат, побарајте да ги споделат своите карти со другарчето до нив

 

Техника ,,Наставникот чита на глас,, 

  • чекор 1 - создавање на опуштена атмосвера за читање на глас - учениците нека седнат доволно блиску до вас да можат да ја видат книгата
  • чекор 2 - покажување на книгата што ќе се чита: се покажува и чита насловот, авторот на книгата, илустраторот
  • чекор 3 - дискусија со учениците: за што се работи во книгата (се посочува насловот, илустрацијата на корицата), учениците ги изложуваат своите идеи
  • чекор 4 - наставникот чита на глас со експресија
  • чекор 5 - ги покажува илустрциите
  • чекор 6 - наставникот може да прави паузи за време на читањето и дискутира за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација
  • чекор 7 - ако се чита само дел од приказната, наставникот престанува да чита на највозбудливиот момент за да ги предизвика учениците со нетрпение да го очекуваат времето за читање на следниот час
  • чекор 8 - дискусија за прочитаното

 

Чекори за  ,,Читање со партнерот,,
  • чекор 1 - одберете книги кои учениците ќе ги читаат или дадете им можност сами да одберат
  • чекор 2 - поделете ги во парови појаки со послаби ученици
  • чекор 3 - кажете им дека ќе читаат книга со партнерот
  • чекор 4 - кажете им дека ќе читаат на глас наизменично со партнерот
  • чекор 5 - кажете им дека со оглед на тоа што на часот сите ќе читаат на глас истовремено, ќе треба да читаат доволно гласно за може да ги слушне нивниот партнер , но не прегласно
  • чекор 6 - демонстрирајте како треба да звучи шепот
  • чекор 7 - одредете што ќе чита секој ученик од парот (по цела страница или по еден пасус)
  • чекор 8 - кажете им на учениците дека додека го слушаат нивниот партнер треба да го следат во текстот покажувајќи со прстот, да не му помагаат веднаш доколку нивниот партнер има потешкотии со некој збор и да му дадат време да ги изговори зборовите
  • чекор 9 - додека учениците читаат следете ја нивната работа
  • чекор 10 - на крајот на читањето може да замолите неколку ученици доброволци да резимираат што читале заедно

 

Техника: ,,Ленти со реченици,,
  • чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици
  • чекор 2 - учениците ги организираат лентите во точен редослед
  • чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа

 

предлог активности после подредувањето на лентите: препишување на текстот во тетратка, прераскажување на текстот, поставување и одговарање на прашања

 

Чекори за  ,,сложувалка,,
  • групите се формираат според бројот на деловите од текстот (три или четири делови на текстот- три или четири членови во група)
  • настваникот го дели текстот на делови и им дава по еден дел на секој член во групата
  • секој ученик чита во себе, а потоа сите во групата разговараат за она што го прочитале
  • може да се ревидира редоследот на настани, ликовите и нивните постапки и тн.

 

Техника ,,Карти на приказната,,
  • чекор 1 - помешајте ги сликите и ставете ги пред ученикот или група ученици
  • чекор 2 - замолете ги да ги подредат сликите по редоследот
  • чекор 3 - ако работите во групи додека еден ученик ја раскажува приказната побарајте од учениците за секоја слика да запишат по една реченица
  • чекор 4 - побарајте од ученикот што раскажува тоа да го направи со што повеќе детали

чекор 5 - откако ученикот ќе заврши со раскажување, поставете прашања за да добиете повеќе информации за тоа што знае и што разбира ученикот во врска со приказната

 

Метод ,,Прошетка низ галеријата,,:

учениците ги изложуваат листовите со своите писмени изработки во училницата (слободни состави) и со ,,прошетка низ галеријата,,, сите взаемно ги споделуваат, ги дополнуваат и поставуваат прашања во врска со нив

 

Техника ,,Книга на одделението,, или ,,Групна книга,,
  • чекор 1 - наставникот им кажува на учениците дека ќе креираат книга заедно, покажува претходно изработена книга
  • чекор 2 -им покажува претходно читана книга на часовите и ги замолува учениците заедно да го прочитаат насловот на книгата
  • чекор 3 -им покажува каде е запишано името на авторот на книгата и го чита неговото име
  • чекор 4 - наставникот ги прашува учениците кој ќе биде авторот на книгата што ќе ја изработат
  • чекор 5 - им демонстира на учениците како правилно да ја држат книгата и да ги вртат страниците
  • чекор 6 - наставникот ги прашува учениците како ќе гласи насловот на книгата која ќе ја изработуваат, насловот на книгата го пишува на табла и го изговара на глас
  • чекор 7 - истото го повторува и со авторот - авторот на книгата (одделението) се запишува под насловот
  • чекор 8 - учениците се делат во групи и се делат материјалите (картон, хартија, моливи, фломастери, пишувани текстови, упатства и сл.), секој ученик го запишува своето име во горниот десен агол на листот
  • чекор 9 - учениците во групата се упатуваат што треба да пишуваат (се избира еден од учениците во групата за да ја изработи корицата за книгата)
  • чекор 10 - на таблата се запишува форматот според кој ќе се работи книгата (изглед на страницата: наслов, содржина, простор за илустрација и сл.)
  • чекор 11 - самостојна работа на учениците (еден од учениците во групата ја изработува корицата за книгата и им помага по потреба на останатите членови)
  • чекор 12 - изработките од сите членови во групата се спојуваат заедно во форма на книга
  • чекор 13 - наставникот оди од група до група покажувајќи ги изработените книги и демонстрира како правилно се држи книгата ( за повисоките одделенија - се определува лице од групата кое ќе им ја прочита книгата на другите групи)
  • чекор 14 Книгите се изложуваат во одделенската библиотека

 

Техника: ,,Дневник со двојни белешки,,
  • се користат поединечни листови или тетратка
  • поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина, левата страна од листот е за резимето на текстот што ќе го напише ученикот а десната страна ги запишуваат нивните впечатоци или прашања за текстот
  • за ,,Дневникот со двојни белешки,, не се даваат оценки и не се корегира правописот на пишуваното за учениците да не се плашат да ги истражуваат и да ги развиваат своите мисли
  • На ,,Дневникот со двојни белешки,, се запишува насловот, авторот и се одбележуваат со број сите страници

 

Техника ,,Ѕвезда на приказната,,
  • чекор 1 - наставникот ја покажува книгата или текстот што го работел со учениците претходниот час
  • чекор 2 - наставникот бара еден од учениците да го прочита насловот
  • чекор 3 - повторно читање на текстот со примена на техниката наставникот чита на глас
  • чекор 4 - наставникот им кажува на учениците дека на овој час ќе се зборува за елементите во текстот
  • чекор 5 - наставникот го поставува постерот со ѕвезда на приказната или го црта на табла
  • чекор 6 - се започнува со прашањето од врвот на приказната, а одговорите наставникот ги запишува покрај соодветниот крак
  • чекор 7 - постапката се повторува за секој крак од ѕвездата
  • чекор 8 - наставникот ги пофалува учениците за нивната одлична работа при одговарање на прашањата
  • чекор 9 - наставникот покажува кон постерот и објаснува дека секоја приказна има ликови, место на случување на дејството, проблем, решение и важни настани при што покажува на соодветниот крак на ѕвездата
  • чекор 10 - наставникот им кажува на учениците дека техниката ќе ја користат и кај други текстови што ќе ги учат

 

Создавање одделенска библиотека

  • Колку би требало да е голема библиотеката: фокусирајте се на видовите книги кои ќе се интересни за децата, наместо на бројот на книги
  • Како да се изложат и заштитат книгите: подредете ги на полици според темата или возраста, материјалите за помалите деца да се на пониските полици
  • Кои видови материјали за читање да ги опфатиме: во изборот да има по нешто за секоја возраст за секое ниво на читање и интереси
  • Обезбедување материјали: донации од училиштето, заедницата

 

поими:

 

Разбирање - сфаќање на значењето по пат на интеракција помеѓу текстот и читателот

Видови прашања:

  • фактички - прашања чии одговори се наоѓаат директно во текстот
  • Предвидувачки - прашања што бараат учениците да размислат што би можело да се случи во текстот врз основа на она што дотогаш им е познато
  • инферентни - прашања кои бараат од учениците да изведуваат заклучоци базирани врз доказите во текстот

Венов дијаграм - графички организатор кој се користи за споредување и за контрастирање на два поврзани концепта: ликови во некоја приказна, две приказни со иста тема и сл.

Ѕвезда на приказната - графички организатор што го помага читањето со разбирање и им помага на учениците да ги учат елементите на една приказна.

Под поимот слободно пишување се подразбира краток, брз, не сосем уредно пишан текст кој се користи за генерирање на идеите и за организирање на мислите.