Критериуми за оценување на постигањата на учениците по
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
III одделение
|
|
Програмско подрачје: Пеење
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Правилно го држи телото при пеење
- Препознава вокална интерпретација на детски глас
- При пеење препознава ритам во песната
- При пеење препознава динамика во песната
- Идентификува песни за деца и народни песни
- Знае дека песната има строфа - рефрен
- Пее едноставни песни за деца
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- При пеење препознава ритам во песната 1:1, 1:2 и 2:1
- Ги пее и тактира тоновите сол1 и ми1 (во траење на половини и четвртини)
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Пее со правилна примена на ритам и динамика
- Пее индивидуално, групно и колективно без и со придружба и има елементи на изразно и култивирано пеење
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Пее елементарни мелодиски вежби и песни по ноти со тактирање
- Пее со правилен пејачки став (држење на телото, правилно пејачко дишење, јасна дикција)
- Изразно и култивирано пее индивидуално и групно без и со придружба
- Пее со различно темпо и динамика неколку детски и народни песни
|
|
Програмско подрачје: Музика и движење
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Ги усогласува движењата со музичките карактеристики
- Препознава движења од едноставни народни ора
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Изведува движења со музичките карактеристики
- Го запазува ритамот при изведувањето на музичките игри
- Изведува едноставни народни ора
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Изведува музичко-ритмички чекорења
- Изведува народни ора со соодветен ритам и движење
- Изведува движења според однапред утврдена кореографија
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Учествува во елементарни музички драматизации со соодветен ритам и движење
- Танцува и изведува музички игри применувајќи елементи по сопствена кореографија
|
|
Програмско подрачје: Слушање музика
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Идентификува вокална, инструментална и вокално- инструментална интерпретација
- Идентификува интерпретација на детски, женски и машки глас
- Идентификува интерпретација на детски, женски и машки хор
- При слушање музика идентификува класична, народна и музика за деца
- При слушање музика идентификува динамика во песната (тивко, силно)
- Го идентификува карактерот на музиката: весела, тажна, брза, бавна
- Идентификува композитор и композиција
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Разликува и именува вокална, инструментална и вокално- инструментална интерпретација
- Разликува и именува интерпретација на детски, женски и машки глас
- Разликува и именува интерпретација на детски, женски и машки хор
- При слушање музика препознава темпо и динамика во песната (забавување и забрзување на темпото и намалување и зголемување на динамиката)
- Разликува класична, народна и музика за деца
- Идентификува весела, тажна, брза, бавна композиција
- Идентификува композиции и нивните автори
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Идентификува звуци на одредени музички инструменти
- Разликува весела, тажна, брза, бавна композиција
- Препознава автор на слушана композиција
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Разликува изразни елементи во музиката: ритам, темпо, динамика
- Разликува одредени музички инструменти
- Разликува соло и хорско пеење
|
|
Програмско подрачје: Свирење на детски музички инструменти
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Покажува начин на свирење на ДМИ
- Свири едноставни ритмички и мелодиски вежби со ДМИ
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Објаснува начин на изведба на различни ДМИ
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Користи различни ДМИ во вежбите
- Демонстрира правилно свирење на ДМИ
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Свири на ДМИ индивидуално и групно кратки ритмички и мелодиски мотиви
- Истовремено свири на ДМИ и пее
|
|
Програмско подрачје: Основи на музичката писменост
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Препознава виолински клуч, петтолиние, знак за нота
- Пишува виолински клуч и симболи на нотите од основната скала сол и ми на соодветното место во петтолинието
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Ги разликува нотите од основната скала сол и ми на петтолинието во едноставни мелодиски вежби
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Применува виолински клуч, петтолиние, знак за нота
- Ги чита и изведува со тактирање нотите од основната скала сол и ми
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Пее едноставни вежби напишани со нотите од основната скала сол и ми
- На петтолиние пишува виолински клуч и нотите од основната скала сол и ми
|
|
Програмско подрачје: Основи на детското музичко изразување и творење
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Учествува во музички игри
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Музиката ја изразува со движења на своето тело
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Применува глас, свирење и движење во музичките игри
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Создава сопствена кореографија со движења на своето тело
- Креативно ја изразува мелодијата со глас, свирење и сопствени движења во музичките игри
|
|