Критериуми за оценување на постигањата на учениците по
МАТЕМАТИКА
III одделение
|
|
Програмско подрачје: Собирање и одземање на броевите до 100
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Собира и одзема броеви до 20
- Чита и запишува броеви до 100
- Подредува броеви по големина
- Собира и одзема десетки до 100
- Собира и одзема броеви до 100 во ред и колона(без премин)
- Го знае значењето на заградите во задачите
- Одредува вредност на едноставен броен израз
- Запишува броен израз на едноставни текстуални задачи
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Одредува претходник и следбеник
- Ги одредува парните и непарните броеви до 100
- Собира и одзема броеви до 100 во ред и колона (до и од полна десетка)
- Ја разбира примената на буква како непознат број во равенка
- Одредува вредност на броен израз со загради
- Запишува и решава броен израз на едноставни текстуални задачи
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Применува редни броеви во практични примери
- Претставува броеви на бројна полуправа
- Запишува броеви од позициона во развиена форма и обратно
- Собира и одзема броеви до 100 во ред и колона (со премин)
- Одредува непознат собирок, намаленик и намалител во равенка
- Го применува собирањето и одземањето во рамките на 100 во решавање на бројни изрази со две операции
- Го применува собирањето и одземањето во рамките на 100 во решавање на текстуални задачи со две операции
- Точно запишува броен израз на текстуални задачи со две операции
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Врши проверка на собирањето и одземањето во равенка
- Претставува и решава проблеми од секојдневниот живот
- Применува и објаснува редослед на операции во израз
- Ја воочува непроменливоста на збирот при промена на местата на собироците
- Групира три и повеќе собироци
- Ја објаснува врската меѓу операциите собирање и одземање
- Проценува резултат при собирање и одземање и врши проверка
- Точно запишува и решава броен израз на текстуални задачи со две операции и го објаснува
|
|
Програмско подрачје: Форми во рамнината
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Ги препознава геометриските форми: права, точка, отсечка и искршена линија
- Ги препознава геометриските фигури правоаголник, квадрат и триаголник
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Црта и означува права, точка и отсечка
- Го разбира формирањето на искршената линија
- Црта правоаголник, квадрат и триаголник со шаблон
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Мери и споредува должина на отсечки
- Црта, мери и пресметува должина на искршена линија
- Означува и именува страни и темиња на правоаголник, квадрат и триаголник
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Ги објаснува изучените геометриски форми со отворена и затворена искршена линија
- Ги именува, разликува и споредува соседните и спротивните страни на правоаголник, квадрат и триаголник
- Мери и споредува должини на страни на правоаголник, квадрат и триаголник
|
|
Програмско подрачје: Множење и делење на броевите до 100
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Ги препознава знаците ,, × ” и ,, : ”
- Запишува производ и количник на два броја
- Множи број со 0, 1 и дели со 1
- Ја препознава нулата како деленик
- Усно и писмено ја репродуцира таблицата на множење и делење
- Го знае значењето на заградите во задачите
- Препознава цело, половина, четвртина и осмина од целото
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Го разбира множењето како собирање на еднакви собироци
- Го разбира делењето како разделување на даден број на еднакви делови
- Го разбира делењето на број сам со себе
- Ги разбира термините множител и производ
- Ги разбира термините деленик, делител и количник
- Формира низи од природни броеви на производи на даден број
- Ја разбира врската меѓу делењето и множењето
- Одредува вредност на броен израз со загради
- Разликува цело, половина, четвртина и осмина од целото
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Ги применува термините множител и производ
- Ги применува термините деленик, делител и количник
- Одредува непознат множител, деленик и делител
- Го применува табличното множење и делење во рамките на 100 во решавање на бројни изрази и текстуални задачи
- Графички претставува и запишува половина, четвртина и осмина од целото со соодветни симболи (½, ¼ и ⅛)
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Применува и објаснува редослед на операции во израз
- Ја воочува непроменливоста на производот, независно од местото на множителите
- Ја објаснува врската меѓу операциите множење и делење
- Го дели целото на делови и одредува ½, ¼ и ⅛
|
|
Програмско подрачје: Мерење
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Знае што е должина, маса, време и волумен
- Ги препознава основните мерни единици за должина (cm, dm, m), маса (kg), време (h, min), волумен (l) и пари (монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50 и 100 денари);
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Знае да мери должина, маса, време и волумен
- Ги разликува основните мерни единици за должина (cm, dm, m), маса (kg), време (h, min), волумен (l) и пари (монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50 и 100 денари);
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- применува мерни инструменти при мерење: линијар, метар, вага со тегови, часовник и соодветни мерни единици
- претвора помали во поголеми единици мерки
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- знаењата за мерните единици ги применува во проценување и мерење и решавање на проблемски ситуации
|
|
Програмско подрачје: Работа со податоци
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Чита податоци, информации од табели, сликовити прикази и графикони
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Пополнува готови табели за претставување на податоците
- Интерпретира дадени податоци
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Составува листа на потребни податоци
- Прибраните податоци ги средува според дадено барање
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Планира начин на прибирање на податоците
- Коментира различно претставување на еден ист податок
|
|