Критериуми за оценување на постигањата на учениците по
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
III одделение
|
|
Програмско подрачје: Почетно читање и пишување (латиница)
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Препознава редослед на буквите во латинската азбука
- Ги идентификува малите и големите печатни букви од латинското писмо
- Правилно да ги пишува малите и големите ракописни букви од латинското писмо
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Правилно да ги поврзува ракописните латински букви во зборови
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Чита реченици и текст напишан со латинско писмо
- Применува големи и мали ракописни букви при пишување и препишување на реченици и текст со латинско писмо и правилно ги поврзува во зборови
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Чита текст напишан со латинско писмо и ја разбира содржината
- Пишува и препишува реченици и текст со ракописни букви со латинско писмо запазувајќи ги правописните правила
|
|
Програмско подрачје: Јазик (граматика)
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Правилно ги подредува зборовите во реченицата
- Препознава збор и слог и глас како дел од зборот
- Препознава интерпункциски знаци: точка, запирка, две точки, извичник и прашалник
- Препознава сопствени именки, географски поими и празници и ги пишува со голема буква
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Препознава и применува придавки како зборови што стојат до именката и ја објаснуваат
- Разликува и правилно ги пишува простите и редните броеви
- Правилно ги пишува употребените зборови
- Препознава општи и сопствени именки
- Разликува и применува род и број кај именките
- Разликува и применува глаголи како зборови кои означуваат работа, дејство и состојба
- Разликува и применува реченици според значење и форма
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Применува општи и сопствени именки
- Применува глаголи како зборови кои означуваат работа, дејство и состојба
- Применува реченици според значење и форма
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Применува придавки како зборови што ја објаснуваат именката
- Препознава прости и редни броеви
- Формулира реченици според значење и форма
- Не употребува локализми во усното и писменото изразување
- Правилно применува интерпункциски знаци: точка, запирка, две точки, извичник и прашалник
- Разликува збор и слог и глас како дел од зборот
|
|
Програмско подрачје: Читање, литература и лектира
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Чита правилно со кирилично и латинско писмо
- Одговара на поставени прашања
- Рецитира делови од песни
- Препознава и разликува стих, строфа и рима
- Воочува главен и спореден лик
- Раскажува прочитан кус текст
- Препознава поговорки и гатанки
- Препознава лектирни дела и нивните автори
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Чита правилно и изразно со кирилично и латинско писмо
- Одговара на поставени прашања за прочитаниот текст
- Воочува главен и спореден лик и нивни особини
- Рецитира песни
- Разликува поговорки и гатанки од другите видови текстови
- Разликува проза и поезија
- Одговара на поставени прашања за содржината на лектирното дело
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Рецитира песни и кажува делови од текстови
- Препознава и разликува: расказ, бајка, басна и драмски текст
- Чита драмски текст со имитирање на говорот на ликовите во текстот
- Воочува хронолошки редослед на настаните во текстот
- Го објаснува насловот на текстот
- Самостојно ја определува содржинската структура (план на текстот)
- Применува поговорка како порака на текст
- Ја открива тематско - идејната основа на лектирното дело
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Рецитира песни и кажува делови од текстови со почитување на интерпункциските знаци
- Препознава и разликува рима во песната
- Искажува личен став и дава критика за постапките на ликовите и настаните
- Дебатира за прочитаното лектирно дело, ликовите и настаните во делото
- Воочува причинско - последични врски меѓу елементите во содржината на текстот
|
|
Програмско подрачје: Изразување и творење
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Во усното изразување и творење:
- Учествува во разговор и го слуша соговорникот
- Раскажува за настан и сопствено доживување
- По набљудување опишува предмети, лица и настани
- Прераскажува содржина на кус текст
- Составува расказ за сопствено доживување
- Препознава честитка, покана и разгледница
- Во писменото изразување и творење:
- Пишува реченици со латинско писмо
- Раскажува за настан и сопствено доживување
- По набљудување опишува предмети, лица, слики и настани
- Прераскажува содржина на кус текст
- Составува расказ за сопствено доживување
- Правилно применува интерпункциски знаци: точка, запирка, две точки, извичник и прашалник
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Во усното изразување и творење:
- Учествува во разговор, го слуша соговорникот и се вклучува во разговорот по дадена тема
- Раскажува за настан и сопствено доживување со користење на содржински јасни реченици
- Кусо известува за одреден настан
- По набљудување опишува простор, слики и илустрации
- Составува расказ за сопствено доживување според даден план
- Разликува честитка, покана и разгледница и соодветната пригода за која истата се испраќа
- Во писменото изразување и творење:
- Правилно препишува реченици од кирилично со латинско писмо, од латинско со кирилично и од латинско со латинско писмо
- Раскажува за настан и сопствено доживување со користење на содржински јасни реченици
- Кусо известува за одреден настан
- По набљудување опишува простор, слики и илустрации
- Составува расказ за сопствено доживување според даден план
- Правилно ги пишува употребените зборови
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Во усното изразување и творење:
- Раскажува за настан и сопствено доживување со користење на содржински јасни реченици и со прифатлива граматичка структура
- При раскажувањето и прераскажувањето елементите од содржината (ликови, настани, објекти) ги искажува според хронолошки редослед
- Во писменото изразување и творење:
- Раскажува за настан и сопствено доживување со користење на содржински јасни реченици и со прифатлива граматичка структура
- При раскажувањето и прераскажувањето го запазува хронолошкиот редослед на настаните
- Пишува и испраќа честитка, покана и разгледница во соодветна пригода
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Во усното изразување и творење:
- Раскажува и прераскажува
- Раскажувањето и прераскажувањето е во континуитет со елементи на оригиналност
- Изведува драмски текст со избор на улога
- Во писменото изразување и творење:
- Раскажува и прераскажува
- Раскажувањето и прераскажувањето е во континуитет со елементи на оригиналност
|
|
Програмско подрачје: Медиумска култура
|
Ниво на знаења и способности
|
СТАНДАРД
|
ПОМНЕЊЕ
|
- Прераскажува филм
- Разликува радио и ТВ - емисии
- Воочува радио, ТВ - емисија, филм и театарска претстава
- Именува училишна и други библиотеки во местото на живеење
|
РАЗБИРАЊЕ
|
- Разговара за содржина, време, место, настан и ликови во гледан филм, следена радио и ТВ - емисија и театарска претстава
- Наоѓа соодветна книга во библиотека
|
ПРИМЕНУВАЊЕ
|
- Разговара за гледан филм, следена радио и ТВ - емисија и театарска претстава и извлекува соодветна порака
- Наоѓа соодветна книга во библиотека и се служи со картотека
- Чита детски печат и соодветни текстови од дневниот печат
|
АНАЛИЗА,
СИНТЕЗА И
ВРЕДНУВАЊЕ
|
- Чита, прераскажува и пренесува кратки информации од детскиот и соодветни текстови од дневниот печат
- Позајмува книги од училишна и градска библиотека
|
|