18.9.2020
КРЕИРАЈТЕ ЛОГО, НАСЛОВНА ФОТОГРАФИЈА И ОФИЦИЈАЛЕН НАЗИВ
за нашето ново онлајн училиште
Како би го нарекле нашето ново онлајн училиште?
Изберете име кое ќе биде звучно, интересно, впечатливо и прифатливо за сите деца во нашата земја.
Која е сликата или знакот по кој ќе го препознаете нашето ново онлајн училиште?
Нацртајте лого кое ќе биде едноставно и кое лесно ќе може да го препознае и нацрта секое ваше другарче.
Направете ја фотографијата која најпрво би сакале да ја видите кога ќе се вклучите во нашето виртуелно училиште.
Секој ученик, односно група на ученици може да учествува во повикот со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија. Идејните решенија се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември 2020 година (16:00 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за креаторот/креаторите - име и презиме, одделение, училиште и општина и контакт телефон.
Повеќе детали на страницата Министерството за образование и наука http://mon.gov.mk
ВАЖНО: наше онлајн училиште е платформата во која ќе се вклучуваат учениците од сите училишта во нашата земја, не се мисли на матичното училиште во кое учите (не користете го логото или името на училиштето во кое учите)
18.9.2013
Домашна работа
Македонски јазик: да се напишат по два реда од работените линии во тетратката .