logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

12-16.9.2022

Организација на наставен ден:

     Часовите започнуваат во 8 часот претпладне. Учениците да бидат присутни во училишниот двор 10 минути пред почнување на часот.

     Во текот на оваа седмица ќе држиме по два наставни часа. Наставата ќе завршува во 9:20, пет минути пред почетокот на големиот одмор за да се избегне гужвата која би настанала со поголемите ученици кои излегуваат на голем одмор.

     Во училишниот ранец ставајте прибор и тетратки по дадениот распоред на часови. За:

      Македонски јазик - големата тетратка А4 формат без линии, приборче со дрвени бои и фломастери, ножички и лепак;

      Математика - малата тетратка без линии и линијар од 20 цм со геометриски форми;

      Природни науки - големата тетратка А4 формат без линии;

      Ликовно образование - 1 блок за цртање број 2.

(Залепете го распоредот на видно место, достапно за ученикот, (шкафче, биро, фиока...) и помогнете му на ученикот сам да го стави приборот во ранецот според сликите во распоредот. Иако временски сме два часа, во ранецот да се става прибор по распоред за сите часови за тој ден.)

     Распоредот на часови можете да го најдете и испечатите доколку имате потреба тука

     Учениците да носат ужинка и вода. За понеделник како прв ден кога во училиште ќе имаме ужинка ставете нешто едноставно, кое ученикот самостојно ќе може да го постави на клупата пред себе, да го изеде и лесно самостојно да ја среди клупата после тоа. Ставете им хартиена или платнена салфета за да можат да ја стават храната врз клупата. За изборот на храната и начинот на организација ќе се договориме на родителската средба.

Архива

12.9.2022

Родителска средба

Родителската средба ќе се одржи во 18 часот, со физичко присуство во училницата од I3 одделение со следниот

Дневен ред

1. Запознавање со наставната програма и организацијата на наставата во периодот на адаптација на учениците.

2. Запознавање на родителите со предметните наставници

3. Запознавање со Кодексот на однесување на учениците

4. Исхрана на учениците во училиштето

5. Избор на родители за членови во Совет на родители

6. Тековни прашања

Архива

12.9.2013

Домашна работа

   Македонски јазик: да се доврши илустрацијата во тетратките без линии - за секоја буква по една слика.

Архива