Понеделник, 4.5.2020г.
Понеделник, 4.5.2020г.
планирани се следните активности за следните наставни предмети:
Македонски јазик: „Црна се чума зададе“ - народна песна работен лист
Математика: Мерење должина со нумерирани и делумно нумерирани скали - работен лист
Музичко образование: Во чест на Гоце Делчев се одржува музички фестивал - „ГОЦЕ-ФЕСТ“ на денот на неговото раѓање. Слушнете некоја од песните кои се испеани за Гоце Делчев на овој фестивал или некоја народна песна.
Физичко образование: Вежби за правилно држење на телото - вежбаме дома
На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик. Со цел да го одбележиме овој датум, ќе се вклучиме во ликовниот предизвик на нашето училиште:
"НАШИОТ ОНЛАЈН #COOL БУКВАР" Креативно претставете ни ја ПРВАТА буква од вашето име - изработете ја буквата од: лего коцки, пластелин, бомбони, цветови, колаж, хартија, камчиња, тесто... Или од било што креативно, што ќе ви дојде како идеја.
Втора варијанта: испишете зборови со кирилско писмо, онака како што пишувавте на предизвиците со латински букви. (формата на изработката нека биде по ваш избор: срце, цвет и сл.). Напишете го вашето име на изработката, името на училиштето и одделение. Изработката испратете ја на нашата адреса, денес, најдоцна до 19 часот.
ИЗРАБОТКИ ОД УЧЕНИЦИТЕ - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ИЗРАБОТКИ ОД УЧЕНИЦИТЕ - НАШИОТ ОНЛАЈН #COOL БУКВАР