logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

5.9.2022

Што треба да носиме во училиште денес?

Учениците ќе добијат печатен работен лист, а ќе работиме со фломастери.

Ставете го во училишниот ранец приборчето во кое има фломастери. Доколку ученикот инсистира да ставите повеќе прибор, внимавајте да не биде ранецот претежок за ученикот.

Регистарот и хартијата донесете ги посебно во пластична кеса, но претходно потпишете ги со името и презимето на ученикот (тоа може да го направите до крајот на оваа седмица).

Тетратките кои ги имате купено, нема потреба да ги завиткувате, но доколку сметате дека треба, не ги завиткувајте со хартија која не е проѕирна за да можат учениците по сликата од корицата да се асоцираат на предметот за кој е таа тетратка наменета. Најдобар материјал за завиткување е самолепливата најлонска проѕирна фолија.

Важно! Означете го секое парче од приборот за да може ученикот да препознае дека е негово. На секоја тетратка ставете налепница и напишете го името и презимето од ученикот, налепница ставете на кутиите со фломастери, дрвени боички, водени боички, пастелни боички. Линијарите и ножичките означете ги со лак за нокти (Почетните букви од името и презимето). Ова ќе помогне лесно да се пронајдат „изгубените“ работи, што за учениците понатаму ќе претставува „голем“ проблем (ако си заменат нешто од приборот или по грешка стават во својата чанта нешто што не е нивно).

Учениците да ги носат околу вратот беџовите со своето име и презиме.

Доколку некој од учениците е алергичен на некаква храна, Ве молам, во приватна порака да ми испратите листа на храна на која ученикот е алергичен. Исто така и доколку има ученици кои се алергични на убод од инсект.

Денес и во текот на наредната седмица, пред влегување за час, се постројуваме пред влезот кој е означен за нашата паралелка. Учениците за постројувањето да бидат во училишниот двор 10 минути пред почнување на часот.

По завршувње на часот во 14:10, родителите да чекаат пред влезот за да им бидат предадени учениците.

Архива

5.9.2013

Домашна работа

   Запознавање на околината: да се доврши училишната работа во тетратката.

   Математика: учебник страна 8/ втора задача.

Архива