logo_odnasataucilnica
 
ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

2.9.2022

Што треба да носиме во училиште денес?

Она што навистина ќе ни биде потребно денес за работа е едно моливче и дрвени боички, бидејќи учениците ќе добијат печатен работен лист.

Верувам дека првачињата ќе се возбудени и среќни да ги стават училишните ранци на рамо и денес да дојдат во училиште. Доколку сте обезбедиле училиштен ранец, ставете дел од приборот во него, но внимавајте да не биде ранецот претежок за ученикот.

Доколку се уште не сте обезбедиле училиштен ранец, ученикот денес може да го носи само приборчето.

Овој викенд има доволно време да го обезбедите потребниот училиштен прибор од списокот. Веќе од понеделник ќе ревидираме што се сме ставиле во ранецот и што од приборот може да оставиме во училиште во своето шкафче.

Учениците да ги носат околу вратот беџовите со своето име и презиме кои ги добија вчера. Исто така да ги донесат пополнети листата со податоци за родителите и согласноста за снимање.

Денес и во текот на наредната седмица, пред влегување за час, ќе се постројуваме пред влезот кој е означен за нашата паралелка.

По завршувње на часот во 14:10, родителите да чекаат пред влезот за да им бидат предадени учениците.

Архива

2.9.2016

Планирања за учебната 2016/2017 година

   Со планирањата за учебната 2016/2017 родителите може да се запознаат на следните линкови:
Наставен план по кој се организираат наставните часови за оваа учебна година
Наставни програми за V одделение во деветгодишно основно образование (на македонски и албански јазик)
Адаптирани наставни програми за математика и природни науки од Cambridge International Examination Centre
ЗАБЕЛЕШКА: Линковите кои се поставени, се со цел родителите да се информираат за наставата која ќе се реализира во текот на оваа учебна година.
Со цел да се направи континуитет во работата и да се стекнат трајни знаења, се молат родителите однапред да не ги форсираат учениците во усвојување на материјали и содржини кои ќе ги сретнат во наставните програми, во страв дека учениците нема да успеат да го совладаат наставниот материјал.

Архива

2.9.2014

Планирања за учебната 2014/2015

Со планирањата за учебната 2014/2015 родителите може да се запознаат на следните линкови:

ОПШТЕСТВО - Наставна програма за трето одделение

Наставен план по кој се организираат наставните часови за оваа учебна година

Наставни програми за III одделение во деветгодишно основно образование (на македонски и албански јазик)