8.11.2016
Награден конкурс
На ликовниот конкурс што го распиша Одделението за заштита на животната средина при општина Охрид на тема: „ИСЧИСТЕТЕ ГИ ДВОРОВИТЕ СВОИ, ЕСЕНТА ЌЕ ГИ НАСЛИКА СО НАЈУБАВИ БОИ“ во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември, Стефан Деспотоски ја освои втората награда во висина од 5.000,00 денари. Му честитатме на постигнатиот успех!