18.5.2023
Охрид трчаТ
Краток осврт на спортскиот ден организиран од „Охрид трчаТ“ - Детска Атлетика. Благодарност до претседателот на нашата паралелка во совет на родители од нашето одделение Александар Сотироски за видеото со кое во кратки црти ги опфати случувањата на стадионот „Билјанини Извори“ и до сите родители кои испратија видеа од трката во која учествуваа учениците од нашето одделение.
Останатите видеа може да ги погледнете во видеогалеријата на страницата!
18.5.2022
РАСПЕАНО РИБАРЧЕ 2022
И оваа учебна година, нашето одделение го следеше музичкиот фестивал „РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“. И секако задоволство беше да му честитаме на нашиот соученик Марко Петровски за успешниот настап. Браво за Марко од целото V3 одделение!!!
Понеделник, 18.5.2020г.
Понеделник, 18.5.2020г.
планирани се следните активности за следните наставни предмети:
Македонски јазик: Научи изразно да го читаш текстот „Излет во природа“, во учебникот на страна 188!
Македонски јазик: Лектира (најава) - земете ја и прочитајте ја пиесата „Приказна за штурецот и мравките“ од Миле Волканоски
Математика: Множества - работен лист
Физичко и музичко образование: Креирање ритмички вежба на песната „Коњче“ - песна „Коњче“
Физичко образование: Предизвик - ниска и висока вага. (направете фотографија со ниска и висока вага)