Среда, 4.6.2025
Модна ревија во ретро стил – времеплов низ модата на XX век
Крајот на учебната година е одлична можност за организирање на креативни и несекојдневни активности преку кои учениците можат да ја изразат својата оригиналност и самодоверба.
Токму таква беше и модната ревија во ретро стил, организирана од наставниците и учениците од третите одделенија. Настанот не поведе на патување низ модата на дваесеттиот век, претставувајќи облеки инспирирани од различни децении – од елеганцијата на 20-тите, преку бунтовниот дух на 60-тите, до динамичниот и шарен стил на 80-тите години.
Предводени од бодрењата на учениците од петто одделение, малите модели самоуверено ги прошетаа избраните модни комбинации на импровизирана писта, добивајќи бурни аплаузи од публиката. Атмосферата беше весела, разиграна и распеана, полна со енергија и детска радост.
Преку оваа активност, учениците не само што покажаа умешност во претставување на модни стилови, туку и вештини за тимска работа, комуникација, самопочит и јавен настап. Настанот беше вистинско уживање за сите присутни – доказ дека учењето може да биде и радост, игра и уметност.
Албумот можете да го погледнете тука
Четврток, 04.6.2020г.
Четврток, 04.6.2020г.
планирани се следните активности за следните наставни предмети:
Македонски јазик, ликовно образование: „Езерска бајка“ - илустрација на текстот
Математика: Содржатели - табела 100 - работен лист
Музичко образование: Пеење песна - по избор на ученикот

