2.6.2025
Во посета на нашето подрачно училиште во населба Рача
Водени од убавите впечатоци од еднодневната екскурзија во Скопје, каде што учениците од трето одделение се зближија со врсниците од подрачното училиште, се организира повторна средба – овојпат со учениците од Рача како домаќини.
При пристигнувањето, гостите беа топло пречекани од учениците и наставниците од подрачното училиште. Следеше разгледување на училиштето, училниците и училишниот двор, при што учениците спонтано ги споделуваа своите впечатоци и искуства.
По кратка ужина и одмор на игралиштето, сите присуствуваа на драмска претстава подготвена од домаќините – интересна и креативна изведба што предизвика големо воодушевување кај присутните. За дополнително подигање на расположението, учениците од подрачното училиште изведоа музичка кореографија на неколку познати детски песни, во која со радост се приклучија и нивните гости.
Денот заврши во весела атмосфера, со многу насмевки и ветување дека следната средба ќе се одржи во централното училиште, каде улогата на домаќини ќе ја преземат учениците од градот.
Албумот можете да го погледнете тука
Вторник, 2.6.2020г.
Вторник, 2.6.2020г.
планирани се следните активности за следните наставни предмети:
Македонски јазик: Изразно рецитирање на песната „Возот на детството“ - учебник, страна 205
Математика: Венов дијаграм - работен лист
Природни науки: Во плиток сад турете вода и ставете два три моркови како на видеото. Следете и фотографирајте што ќе се случува наредните денови! видео
Изработки од учениците ГИ ИСТРАЖУВАМЕ РАСТЕНИЈАТА

