logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

Четврток, 6.2.2025

Шеќерна приказна

 На 6.2.2025 година во Центарот за култура “Григор Прличев” - Охрид, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште „Григор Прличев“, учениците од трето одделение, успешно ја изведоа точката „Шеќерна приказна“ инспирирана од познатата книга „Шеќерна приказна“ од македонскиот автор Славко Јаневски, која е дел од задолжителната лектира за трето одделение. Настапот беше збогатен со соодветни костими, а музиката е комбинација на песни од повеќе македонски автори како и извадоци од Музичката игра за деца „Шеќерна приказна“ чиј композитор и диригент е Димитрије Бужаровски, во режија на Димитар Христов и продукција на МРТВ 1978.

 Точката ја подготвија одделенските наставници од активот на трето одделение: III1 Николина Спасеска, III2 Весна Тодороска, III3 Славица Мојсоска, III4 Елизабета Билбилоска, III5 Марија Стојоска.

Им се заблагодаруваме на учениците за нивниот вложен труд, како и на родителите за разбирањето и поддршката во реализацијата на овој настан.

     Албумот можете да го погледнете тука

Архива

6.2.2022г.

Во чест на патронот!

Драматизација на сцени од животот и делото на Григор Прличев - учениците од V3 одделение.

Архива