logo_odnasataucilnica
 

ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА

 

18.4.2021

Вклучување на родителите во онлајн наставата

    Ако искривувањето на `рбетот беше проблем присутен кај децата од училишна возраст, денес, со онлајн наставата, овој проблем добива поголема тежина.

    Со следењето на наставата пред компјутер, пишувањето домашни задачи и играње компјутерски игри, времето поминато пред компјутерот се зголемува. Долготрајното седење кое често е неправилно, може да предизвика различни искривувања на детскитот `рбет. За да се подигне свеста како правилно треба да седиме и колку е важно постојано да завземаме правилна положба на телото при седењето, на часот по физичко образование, предавање ни одржа д-р Огнен Шешоски - специјалист ортопед.

    Вежбите кои ни ги препорача за правилно држење на телото ќе најдат важно место во вежбите кои редовно ги изведуваме на часовите по физичко образование.

Архива